Соништата имаат цена

Посакувате скап автомобил, луксузен апартман, совршен партнер и блескава кариера. Сето тоа на Карибите уживајќи, без да се грижите дека следното утро треба да се разбудите во осум часот за на работа.

sonistata-imaat-cena-01

Вистински пријатели, прекрасно милениче, коктел во рака и журки до раните утрински часови.

Продолжувате понатаму...

Сте го разбудиле поетското во вас и сте напишале книга, па посакувате да ја објавите на светскиот литературен пазар. Го правите тоа и сè ви оди од рака.

Книгата станува најпродаван бестселер во светот и вашите соништа се исполнети. Колку убаво звучи, нели?

Но, колку треба да платите за сето тоа? Се имате ли запрашано која е цената на вашите соништа?

Никој не знае.

Исто како кога си во маркет и ја полниш количката за пазарење до врвот, одиш до касата и го чувствуваш тој страв кој те тера да се запрашаш дали носиш доволно пари да платиш за сè.

Соништата понекогаш се навистина како супермаркет, преполн со различни производи кои ги задоволуваат сите наши потреби.

Некои се евтини, некои скапи, едните се бренд, другите се на попуст со поминат рок.

Единствена разлика помеѓу производите и соништата е платежното средство. Производите ги плаќаш со пари, но соништата со многу труд, а понекогаш и болка, страдање, самотија, па дури и жртва.

Ги плаќаш со жртва сè додека не сфатиш дека ти самиот си нивна жртва. Неминовно е дека вреди да се бориме за соништата, но дали би го направиле тоа по секоја цена?

Би рекле, да! Тоа е вистинскиот одговор, но бидете паметни, бидете итри и борете се за секој ваш сон, но не плаќајте превисока цена на штета на искуството само поради тоа што цените на некои соништа се како оние на матурските фустани во месец мај.

Борете се за вашите соништа, но размислете за  цените на пазарите од супермаркетот на соништата.

sonistata-imaat-cena-2

Автор: Д.М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 фото-докази дека на некои луѓе треба да им се забрани да влезат во кујна „Мајка ми направи торта за роденденот на внука ми, инспирирана од Angry Birds. С...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
„До 26 години се разведов 3 пати – повторно ќе се мажам, но никој не верува дека ќе издржам долго“ „Првпат се венчав на 19 години и навистина не знаев што значи бракот. Сите ми ка...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...

Најчитани неделава