Трикови за одржување на свежината во автомобилот

Одржувањето на свежината и пријатниот мирис во автомобилот за време на летните денови со високи температури претставував вистински предизвик.

trikovi-za-odrzuvanje-na-svezinata-vo-avtomobilot-01

Доколку постојано патувате и долго време поминувате во автомобилот, подобро е да искористите некој од следниве  трикови за да ја одржите свежината.

Искористете ја миризливата сол по капењето

Ставете неколку лажички миризлива сол за капење во цедалка за чај, па ставете ја во фиоката на автомобилот каде ви стојат личните документи. Секојпат кога ќе ја отворите пријатен бран свежина ќе го рашири мирисот во автомобилот.

Сами направете си миризлива свеќа

Мирисот на вашиот дом може да го понесете со себе. Својата омилена мирисна свеќа иситнете ја и помешајте ја со ливчиња лаванда и неколку каранфилчиња, па ставете ги во тегла. На капачето направете дупчиња низ кои ќе се шири мирисот. Теглата ставете ја на погодно место, така што постојано го чувствувате пријатниот мирис.

Со зачини против непријатниот мирис

На задното седиште може да ставите гранчиња босилок и рузмарин. Свежите билки замотајте ги во весник и оставете ги да се исушат за време на возењето. Неколку пати отворајте ги прозорците за на тој начин мирисот на билките да го уништи непријатниот застоен мирис во автомобилот.

Шејк од лимон и етерично масло за долготрајна свежина

Исцедете лимон во стаклено шише, па додајте неколку капки етерично масло, добро промешајте и капнете на подот од автомобилот. Шишенцето чувајте го и повторно капнувајте одвреме-навреме. На тој начин мирисот подолго ќе се задржи.

Би можело да ве интересира:

Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...
6 безбедносни совети кои можат да ви го спасат животот Што да правите ако сте во автомобил на раб на бездна или, пак, ако паднете во бр...
14 креативни (и по малку бизарни) производи, што ќе сакате да ги купите веднаш Од сапун со мирис на сланина, преку плишан мајмун - држач за влажни шамивчиња, д...
13 детски цртежи кои ќе ве насмеат до солзи (и разнежат) „Син ми ја нацрта учителката - не знам дали да ѝ го дадам цртежот или не“. „С...
Луѓе кои (речиси) биле киднапирани ги споделуваат морничавите искуства „Бев многу мал и всушност не ни бев свесен дека сум киднапиран, бидејќи ја знаев...

Најчитани неделава