Бабите се во право: Сите стари мудрости кои и науката ги потврдува

Можеби кога ќе слушнете некоја народна мудрост од вашата баба, ви се чини дека е некоја стара глупост која нема врска со денешното време. Особено за некои медицински и лековити трикови кои ви се чудни со оглед на тоа колку е напредна медицината.

babite-se-vo-pravo-siote-stari-mudriosti-koi-i-naukata-gi-potvrduva-01

Но, токму науката застанала на нивна страна и многу од бабините мудрости ги потврдува како точни и корисни совети.

Појадокот е најважниот оброк во денот

Овој оброк ви го раздвижува метаболизмот, го подигнува нивото на шеќер во крвта до најздраво ниво, а докажано е и дека луѓето кои појадуваат живеат подолго.

Риба - храна за мозокот

Омега 3 и омега 6 масни киселини кои ги има во рибата многу се благотворни за мозокот и неговите функции.

babite-se-vo-pravo-siote-stari-mudriosti-koi-i-naukata-gi-potvrduva-1.jpg

Ако имате долг пораѓај, ќе добиете машко дете

Мајката која носи машко дете има поголеми шанси дека ќе има долг пораѓај, тврделе бабите, а денес тоа го потврдува и статистиката која покажува и дека со тоа има и поголем ризик за компликации.

Не ја голтајте гумата за џвакање

Голтањето на гумата за џвакање може да доведе до блокада на цревата, но и други компликации.

babite-se-vo-pravo-siote-stari-mudriosti-koi-i-naukata-gi-potvrduva-2.jpg

Топлата купка ги намалува шансите да зачнете дете

Ова се однесува на момците. Имено, кога повеќе време поминувате во топла вода се намалува бројот на сперматозоиди.

Студенилото предизвикува настинка

Истражувачите откриле дека ако престојот во студена просторија е клучен за настинка, особено тоа се однесува на бањата, оние кои ја затоплуваат и таа просторија се помалку склони на настинки.

babite-se-vo-pravo-siote-stari-mudriosti-koi-i-naukata-gi-potvrduva3.jpg

Едно јаболко на ден

Оваа овошка е здрава за борбата против разни болести, а корисна е и за оние кои боледуваат од рак, така што оваа бабина мудрост треба секојдневно да се применува.

Морков за видот

Морковот не може да излечи слепило, но затоа бета каротинот го намалува ризикот од ослабување на видот во староста.

babite-se-vo-pravo-siote-stari-mudriosti-koi-i-naukata-gi-potvrduva-4.jpg

Пилешка супа

Има анти-воспалително својство, ги смирува воспаленијата на респираторните органи и затоа бабите се во право кога кажуваат дека треба да јадете супи особено за да спречите некој вирус кој предизвикува настинка.

Не пливајте со полн стомак

Кога јадете крвта се спушта во желудникот, а кога вежбате таа се движи низ целото тело и не ја доработува соодветно внесената храна, тоа може да предизвика грчеви.

babite-se-vo-pravo-siote-stari-mudriosti-koi-i-naukata-gi-potvrduva-5.jpg

Би можело да ве интересира:

Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
Се венчале по 6 месеци врска, во брак се 60 години, таа денес оди со него на ревии – Љубовта на Ралф... Најубавата љубовна приказна во модниот свет е на Ралф Лорен и сопругата - таа му...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...

Најчитани неделава