Разни нации-разни пцовки

razni-zemji-razni-pcovki-povekjeПсихолозите тврдат дека врз основа на содржината на пцовките може да се направи каталог на она кое луѓето го презираат. Тоа можат да бидат...

 

...телесни карактеристики, морални или душевни дефекти, асоцијално однесување, особините како страшливост или избувливост, начините на однесување како гордоста или вообразеноста, или нечистотија во буквална или преносна смисла.

Пцовките постоеле уште во стариот Египет, каде “најсочните изрази“ се вклесани во ѕидовите на пирамидите.

Многу психолози сметаат дека пцовката е израз на нашата немоќ и тврдат дека пцуењето претставува негативно razni-zemji-razni-pcovkiемоционално однесување и недостаток на емоционална интелегенција.

Лингвистите тврдат дека, на пример, Англичаните користат 7.500 пцовки, Унгарците околу 5.000, додека Србите се користат со само 4.000.

Шпанците најчесто ги употребуваат навредите кои се однесуваат на членовите на семејството, Холанѓаните навредуваат со пцовки кои алудираат на постоењето одредени болести, а Германците споменуваат делови од телото и нивни функции, и многу често користат зборови во врска со измет.

„Пцујам често. Зависи каде се наоѓам. Не можеш секаде да пцуеш. Шефот не можам да го пцујам“, вели една млада Французинка.

Раширено е мислењето дека Германците не пцујат многу, или уште поточно, дека изборот на пцовки не им многу голем.

Рахел е согласна: „Имам впечаток дека сме малку поневини во пцуењето од Италијанците или Шпанците. И ние пцуеме, но странците имаат многу „помрсни“ и поубави пцовки. Ние сме ограничени, ама сепак е забавно“.

Ако сакате да пцуете, а немате каде, во Германија можете да повикате телефонски број кој овие денови се рекламира на Интернет на следниов начин:

„Не можете поповолно! Ослободете се од фрустрации! Ви пружаме можност да нè пцуете за вообичаената цена на еден повик, без последици. Гарантирано слушање! Вашите пцовки ќе стигнат до таму каде што се наменети. Кај нас вашите пцовки се во најдобри раце! Ако тоа го правите на улица, со пријателите, познаниците или роднините, тоа обично излегува поскапо. Ние им се радуваме на вашите пцовки.“

На една интернет страница се рекламира и училиште за пцуење.

Лекциите гласат: Што полично, тоа подобро; Користи соодветни придавки; Користи оригинални и посебни пцовки; Биди спремен за контра-напад и слично.

Би можело да ве интересира:

Поранешни затвореници споделуваат како навистина изгледа престојот во затвор „Нема постојано драма и тепачки. Јас бев во затвор со минимално обезбедување и п...
11 чудни и (скоро) неупотребливи дизајни, што ќе ве насмеат Кревет закачен на ѕидот, прекинувач за фен во бањата „скриен“ скоро на таванот в...
Кога ќе ни дојдат гости во Македонија: Им даваме стари влечки (а ги нудиме и нашите), а тема ни е де... „Без разлика дали се најавени или не... Гостите кога пристигнуваат, во последна ...
11 работи за кои жените мораат секојдневно да се грижат (а мажите немаат поим) „Се чувствуваме како ние да треба да знаеме да се справиме со сè. Партнерот е гн...
„Бев киднапирана од брачен пар на 3-годишна возраст, во Макарска – ме спаси граничната полиција, во ... „Не се плашев од други луѓе и не чувствував страв од мажот и жената што ме кидна...
10 архитектонски идеи од различни земји, кои ќе ви го сменат мислењето за секојдневниот живот Од подводни ресторани, преку дрвени скали кои се користат и како библиотека, до ...

Најчитани неделава