Новиот кинески авион како коктел бар во облаците

Авионската компанија China Airlines го претстави новиот Боинг 777-300ER, кој не само што има фантастичен ентериер, туку има и луксузен бар.

uzivanje-kako-vo-hotel-dodeka-letate-so-noviot-kineski-boing-777-300-er-01

Во овој авион може да јадете, пиете и спиете како во хотел - бар, додека летате низ облаците, во буквална смисла.

Одличен дизајн со дрвен мебел, амбиентално светло и доволно простор за 358 патници (40 во премиум бизнис класата, 62 во премиум економската класа и 256 места во обичната економска класа)

Во премиум бизнис класата има простор и за спиење доколку летот трае подолго. За целосно уживање на сите во оваа класа, понудени се сите можности за освежување според сечиј вкус.

На левата страна се наоѓа бар само за чаеви, каде може да се одбере некој од шесте видови кинески чаеви.

На десната страна се наоѓа кафетерија, за оние кои се поголеми љубители на кофеинот, а за оние кои не го сакаат ни едното ни другото, на средина има бар со коктели.

uzivanje-kako-vo-hotel-dodeka-letate-so-noviot-kineski-boing-777-300-er-1.jpg

uzivanje-kako-vo-hotel-dodeka-letate-so-noviot-kineski-boing-777-300-er-2.jpg

uzivanje-kako-vo-hotel-dodeka-letate-so-noviot-kineski-boing-777-300-er-3.jpg

Во Премиум економската класа има удобни седишта со совршен дизајн кои може да ги спуштате и кревате како сакате, без притоа да им попречувате на оние кои се зад вас. Истите се претвораат и во фотелји на кои може да се опуштите како дома.

uzivanje-kako-vo-hotel-dodeka-letate-so-noviot-kineski-boing-777-300-er-4.jpg

Обичната економска класа која е наменета и за семејни патувања, овозможува седиштата кои се едни до други да ги претворите во кревет на кој целото семејство или децата ќе може да видат послободни и да одберат дали ќе седат, лежат или играат.

uzivanje-kako-vo-hotel-dodeka-letate-so-noviot-kineski-boing-777-300-er-5.JPG

Од China Airlines се обиделе да одговорат на сечии потреби и за сите категории на патници.

Би можело да ве интересира:

Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
Проклетството на Британец што освоил 170 милиони евра на лото: Развод, сообраќајка и пропаднати бизн... Во 2012-та, животот Британецот Адријан Бејфорд драстично се променил откако осво...
„Мајка ми беше осамена вдовица и бараше љубов на интернет – стана жртва на измамници и изгуби милион... „Џенет беше скржава, си ги броеше и ситните пари, па не разбирам како воопшто ја...
„Се инфилтрирав во картелот на Ескобар за ФБИ – гледав како свирепо убиваат луѓе, разнесував милиони... „Знаев што им се случува на предавниците во картелот ако ги фатат. Наш извор беш...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Татко му го носел во фабриките за кокаин уште на 9 години: Каде е денес синот на Пабло Ескобар? Хуан Пабло, синот на Пабло Ескобар, денес живее под друго име – Себастијан Марок...

Најчитани неделава