Победете ја срамежливоста во неколку чекори

За полесна комуникација со луѓето важно е да се прифатите себе, а во тоа помагаат шегите, доброто расположение, но и делењето на добри идеи.

pobedete-ja-sramezlivosta-vo-nekolku-cekori-1-

Срамежливоста е универзално човечко чувство кое сите го доживуваме, но ако заради ова чувство не можете да напредувате во било која животна сфера, тогаш срамежливоста прераснува во сериозен проблем.

Победете ја срамежливоста:

1. Заборавете на сопствените несигурности

Срамежливоста нема да помине сама од себе, туку морате да поработите на случајот. Првиот чекор е да престанете да мислите на сопствените несигурности и да се фокусирате на луѓето околу вас. Малку е себично да мислите дека сите ве гледаат и оценуваат само вас.


2. Не морате да бидете најдобри

Престанете да размислувате за работите кои не ги правите најдобро, без разлика дали се тоа раскажување на вицови или општите разговори. Ако малку погледнете околу себе, ќе забележите дека нема баш многу луѓе кои се брилијантни во сѐ.


3. Запознајте го опкружувањето

Ако со некого се договарате да се сретнете, вие отидете малку порано и запознајте го опкружувањето. Концентрирајте се на другата личност и правете сѐ за да му биде удобно на другиот. Оставете ги другите да ги споделат со вас своите чувства и мисли, а вие добро размислете пред да кажете било што. Прво изградете мислење, а потоа кажете го, без брзање.


4. Обрнете внимание на говорот на телото

Говорот на телото игра важна улога во тоа како луѓето ве доживуваат и како вие ги доживувате другите. Ако се криете зад неутралниот израз на лицето, тогаш изгледате непријателски и резервирано. Подигнете ја главата, смешкајте се и ќе бидете забележани. Не ги кријте шегите во себе, сите сакаат да се смеат, па слободно раскажете интересна случка од вашиот живот.


5. Не се менувајте како личност

Вашата задача не е да се промените себе како личност, туку начинот на размислување за некои работи. Нема ништо лошо во тоа да сте срамежлив човек. Во светот во кој живееме владеат натпревари за сето тоа да биде колку што може поубаво, побогато, поуспешно и поимпресивно, така што во секој случај е убаво да има скромни и срамежливи луѓе. Но, за сѐ си има граница, а тоа значи во ниеден случај да не дозволите ова чувство да ве кочи во животот.

Би можело да ве интересира:

Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...

Најчитани неделава