Некои луѓе зрачат со енергија: Како успеваат да бидат подобри од другите?

Луѓето кои успеваат во животот, во просек, не се ништо попаметни или повеќе талентирани од оние кои не успеваат. Тоа што ги разликува од толпата е нивната умереност и концентрација.

nekoi-lugje-zracat-i-plenat-so-energija-kako-uspevaat-da-bidat-podobri-od-drugite-1.jpg-

Мрзеливоста и неспособноста да донесете одлука не ве карактеризираат како личност, туку тие единствено се навики. Исто како што можеме да имаме здрави и нездрави навики врзани со телото, така истите здрави и нездрави навики можат да бидат врзани со нашата силна волја.

Луѓето кои зрачат и пленат со својата енергија имаат поинаков начин на размислување, поголема самодоверба и верба.

Што можеме да направиме ние за да бидеме подобри?

1. Да ја развиеме свеста за нашата внатрешна состојба

Низ животот нè водат емоциите и нашите егзотични желби, а доколку не сме свесни за нашите внатрешни состојби, тогаш се создава неред. Во еден миг посакуваме да читаме книга, во друг да пиеме кафе, но ништо од тоа не го правиме со задоволство. Затоа сѐ што правиме треба да биде полека, смирено, концентрирано и присутно.


2. Да ги откриеме причините за психичкиот неред

Најчесто причините за овој вид неред се од емотивна природа. Потиснатата лутина, тагата, сексуалната желба, ниската самодоверба, проблематично семејство се содржини кои нè деконцентрираат нас и текот на нашите мисли. Во ниеден случај емоциите не треба да бидат потиснати, ако не можете да ги кажете на глас - запишете ги.


3. Да не одбираме водич, иако се чини полесно

Луѓето кои пленат со својата енергија никогаш не би дозволиле друг да ги влече конците на нивниот живот, но верувале или не, повеќето се одлучуваат на тој чин. Луѓето кои не се во состојба да се концентрираат на одредена цел, мислат за себе дека не се во состојба да го живеат сопствениот живот и им даваат простор на другите да ги водат.


4. Да имаме јасен фокус

Човекот најдобро делува кога неговата концентрација извира од неговата внатрешна мир, а за тоа е потребен чист фокус кон околината. Освен тоа, мора да се фокусирате и на себе и своите желби.

Дали се препознавате во некоја од овие одлики?

Би можело да ве интересира:

12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
„Го мразев животот во Дубаи – наместо да уживам, работев 80 часа неделно, за плата со која едвај пре... Натали од Англија се преселила во Дубаи на само 18 години, откако добила работа ...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...

Најчитани неделава