20 животни прашања кои ги загрижуваат младите во дваесеттите години

Од многу мислење боли глава, но ова не ги засега младите во нивните дваесетти, бидејќи тоа е период кој го користат за размислување околу животните проблеми и ситуации повеќе од потребното.

20-zivotni-prasanja-koi-gi-zagrizuvaat-mladite-vo-dvaesettite-godini-01.jpg

Дали ќе најдам соодветна работа, дали ќе го пронајдам совршениот партнер се само дел од прашањата кои младите на 20 години си ги поставуваат, а ова се уште 20 кои се дел од нив.

- Дали го живеам животот правилно?

- Дали сум во стабилна врска?

- Дали партнерот е оној вистинскиот?

- Дали некогаш ќе ја пронајдам вистинската љубов и дали таа постои?

- Како ќе го заборавам минатото?

- Како ќе си ги простам грешките?

- Дали го избрав правилниот факултет?

- Дали после студиите ќе најдам работа?

- Прифатен ли сум во околината?

- Кои пријатели околу мене се оние вистинските?

- Дали треба да сум постојано искрен и директен доколку сакам да ме почитуваат?

- Ситната лага не може да ги повреди личностите кои ги сакам, зарем не?

- Дали фотографиите кои ги споделувам на социјалните мрежи ме истакнуваат како сериозна личност или пак детинеста и нарцисоидна?

- Дали треба да ги избришам профилите на социјалите мрежи доколку сакам да водам нормален живот?

- Дали ги разочарав родителите или ги направив горди на мене?

- Што ќе се случи доколку ги изгубам? Како ќе го издржам тоа?

- Какво мислење имаат колегите на работното место за мене? Дали тоа воопшто ми е важно?

- Дали да патувам низ светот или да штедам?

- Дали стилот на облекување го имам оформено според тоа како се чувствувам? Дали тоа што го носам ми се допаѓа или го носам за да им се допаднам на другите?

- Дали ќе ги остварам своите соништа?

Кои прашања си ги поставувате или сте си ги поставувале вие во вашите дваесетти? И дали го пронајдовте одговорот?

Би можело да ве интересира:

6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Неочекувани, но пријатни изненадувања што ги носи староста, според повозрасни дами „Едноставно, веќе не се грижам за ништо. Не ми се верува колку време сум трошела...
5 бивши кои со своето однесување како самите да ве тераат да ги „мразите“ „Имав бивша која измисли дека е бремена, ми покажуваше лажни слики од ултразвук,...
Знаци дека мора да направите рамнотежа меѓу приватниот живот и работата Не можете да го исклучите телефонот без чувство на вина и горди сте што сте прем...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...

Најчитани неделава