Секојдневни ситуации кои сите нè нервираат

Дали досега сте се возеле со таксист кој непрекинато зборувал за времето, или пак сте биле кај фризер кој за време на стрижењето ви го раскажал својот трагичен живот во само половина час?

sekojdnevni-situacii-koi-site-ne-nerviraat-01.jpg

Тоа се само дел од ситуациите во кои секојдневно се наоѓаме, но не можеме да превземемe ништо освен да се обидеме да ги смириме нервите, да молчиме и да се смешкаме.

Ова е листата на сите ситуации заедно кои нè нервираат секојдневно:

- Кога таксистот ви ја кажува временската прогноза за наредната недела, а можеби и две.

- Кога вашите пријатели одбираат кафуле кое вие не го поднесувате.

- Кога колегите на работа ве потценуваат и се обидуваат да ве посрамотат пред шефот.

- Кога сте на бразилска депилација, а козметичарката не се обидува да сокрие дека не и е баш најпријатно.

- Кога геникологот ќе ве праша интимно прашање на кое мора да одговорите.

- Кога некој поминува преку вашиот ред во банка или маркет.

- Кога ќе купите мастики и ќе ги снема за 5 минути.

- Кога фризерот ви го раскажува својот живот или пак ве прашува глупави прашања од типот - како ти се викаат соседите?

- Кога ќе ви остане само една цигара во кутијата поради вашите пријатели со реченицата - „ќе земам уште една".

- Кога некој ве лаже во очи, а вие ја знаете вистината.

- Кога не ви се излегува, но вашите пријатели ве тераат со сила.

- Се враќате од работа и мислите дека партнерот подготвил ручек, но тој ве чекал вие да го приготвите.

- Кога ќе ви го промашат кафето во кафич.

- Кога сте убедени дека ќе го положите испитот, но сте паднале.

- Кога некој ве буди во 5 часот изутрина и ве прашува дали спиете?

- Кога вие сте расположени и среќни, но сите околу вас се непријатни и намуртени.

Што ве нервира вас?

Би можело да ве интересира:

Знаци дека мора да направите рамнотежа меѓу приватниот живот и работата Не можете да го исклучите телефонот без чувство на вина и горди сте што сте прем...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
„Го мразев животот во Дубаи – наместо да уживам, работев 80 часа неделно, за плата со која едвај пре... Натали од Англија се преселила во Дубаи на само 18 години, откако добила работа ...

Најчитани неделава