8 личности кои не ви требаат во животот

За да можете да уживате во животот со полни гради, најважно е да бидете опкружени со вистинските луѓе.

8-licnosti-koi-ne-vi-trebaat-vo-zivotot-01.jpg

Иако можеби не сте свесни за лошото влијание на токсичните пријатели и познаници, ова се личностите од кои треба да се ослободите уште денес:

1. Колешката која постојано трачари

Сигурно имате барем една ваква од која очајно сакате да се оддалечите. За да не ве стават во ист кош со неа, подобро е да го пиете кафето сами или со други колеги кои помалку ги познавате.

2.Бившиот/та кој/а ви се јавува само за секс

Нема потреба од дополнително објаснување. Ако е заинтересиран/a само за секс, не ви треба.

3. Пријателот кој постојано се жали

Време е да го/ја оттргнете малку подалеку затоа што негативната енергија е лесно пренослива. По некое време ќе се чувствувате многу послободно.

4. Пријателот кој постојано ве поправа

Ниту еден човек нема совршен живот, па не ви требаат личности кои ве сожалуваат и постојано ви укажуваат на грешките. Имајте на ум дека таков тип на „помош“ не ви треба.

8-licnosti-koi-ne-vi-trebaat-vo-zivotot-02.jpg

5. Пријателот кој постојано лаже

Животот е доволно комплициран, не ви требаат лагите кои создаваат нови главоболки.

6. Пријателите на социјалните мрежи

Повеќето и не ги познавате, но важно бројката на пријатели секојдневно се зголемува. Откажете се од оваа „опсесија,“ овие измислени пријатели не ви се од корист.

7. Колегата/колешката кој/a е во брак или среќна врска

Престанете да се надевате. Престанете да ги носите омилените фармерки и кошули за него/неа. Ова обично на крај завршува со голема катастрофа, па најдобро е ваквата врска никогаш да не ја започнете.

8. Сноб

Тоа е оној пријател кој ве тера да се чувствувате лошо и помалку вредно затоа што не возите скап автомобил, немате престижна позиција или облека по најнова мода. Ништо од ова не ви треба за да бидете среќни!

Би можело да ве интересира:

6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
6 безбедносни совети кои можат да ви го спасат животот Што да правите ако сте во автомобил на раб на бездна или, пак, ако паднете во бр...
Ретки фотки од секојдневието на познатите личности од минатото Марија Кири со нејзиниот велосипед, Коко Шанел на трка со коњи, Марк Твен игра б...

Најчитани неделава