Продавниците за облека ве залажуваат со огледала кои ве прават послаби

Со помош на оптичка илузија, компанијата „Skinny Mirror“ во Калифорнија произведува огледала кои може да ве убедат да купите сè што ќе пробате.

ova-ogledalo-ke-ve-ubedi-da-kupite-se-sto-ke-probate-01

Огледалата со дизајнирани искривени стакла им создаваат на луѓето поинаков изглед, односно им ја стеснуваат фигурата на телото.

На тој начин тие изгледаат послабо кога ќе се погледнат додека пробуваат некое ново парче облека, па многу полесно се решаваат да го купат.

Огледалата се продаваат за цена од $165 долари до $5.500 долари зависно од големината и рамката.

Со тоа што овие огледала прават луѓето да изгледаат послабо, тие почнуваат и да се чувствуваат подобро.

ova-ogledalo-ke-ve-ubedi-da-kupite-se-sto-ke-probate-1.png

Забележано е дека како резултат на сето тоа значително е зголемена и продажбата во бутиците.

Првпат ова огледало е претставено во јануари 2013 година, но оттогаш има многу голема побарувачка за него.

Сепак, за да нема обвинувања и критики за лаги и измами, на секое огледало стои логото на „Skinny Mirror“ кое укажува за какво огледало се работи, па изборот е на купувачите, на кое огледало ќе сакаат да се погледнат.

skinny-mirror.jpg

Би можело да ве интересира:

„Мона Лиза“ и уште 6 од најскапите предмети кои биле украдени – по дел уште се трага Сликата „Мона Лиза“ која денес се проценува на повеќе од една милијарда долари, ...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
Неочекувани, но пријатни изненадувања што ги носи староста, според повозрасни дами „Едноставно, веќе не се грижам за ништо. Не ми се верува колку време сум трошела...

Најчитани неделава