Необични начини како да го искористите обичниот дезодоранс

Ве нервира чкрипењето на вратите или појавувањето на плускавци откога сте ги облекле новите чевли? Искористете го обичниот дезодоранс за да ги решите овие проблеми.

neobicen-nacin-na-koj-mozete-da-go-iskoristite-obicniot-dezodrans-1

Дезодорансот е многу повеќе од препарат заслужен за свежина. Tој може да се употреби на многу различни начини, кои сигурно не сте ги знаеле.

Запрете го чкрипењето на вратите - Шарките на вратите намачкајте ги или испрскајте ги со дезодоранс за да го запрете иритирачкиот звук.


Помогнете си при каснување од инсект -
За да ја ублажите болката и чешањето нанесете дезодоранс директно на местото на кое ве каснал инсектот. Алуминиумската сол која ја содржат овие препарати ќе ви помогне да ја запрете болката и чешањето.


Запрете го настанувањето на плускавците -
На чисти и суви стапала нанесете дезодоранс во гел пред да ги облечете новите чевли. На тој начин ќе се заштитите од појава на плускавци, бидејќи ќе го намалите триењето помеѓу стапалата и чевлите.


Освежете го гардероберот -
За облеката да не го поприми мирисот од гардероберот, отворете го дезодорансот и поставете го во ќошот од гардероберот.


Спречете го мрсењето на Т- зоната -
Со оглед дека тој дел од лицето е проблематичен за многу жени, пред да ставите шминка, ставете малку дезодоранс на прстите и поминете низ проблематичната зона.


Запрете го потењето на стапалата -
Пред да отидете на спиење, на чисти и суви стапала нанесете тенок слој од проѕирен дезодоранс во стик. На тој начин ќе го спречите потењето и формирањето на мириси во текот на следниот ден.


Облечете ги повторно тесните фармерки -
Проѕирниот дезодоранс во стик нанесете го на нозете пред да ги облечете тесните фармерки или кожните здолните, за полесно да влезете во нив.

Би можело да ве интересира:

10 начини на кои алфа жените поставуваат граници само со зборови „Нема да можам да го направам тоа“ - Јасно и без вина одбиваат кога нешто не им ...
10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...
Работи кои ни беа норма во `90-тите и 2000-тите, но новите генерации тешко дека ќе ги преживеат „Денешните деца не знаат што значи да им биде навистина здодевно“. „Денешните...
„Бев во брак со мафијаш – живеев во раскош, но тој си доаѓаше дома со крв на чевлите и тела во багаж... „Парите, начинот на живот, накитот … сето тоа изгледа многу гламурозно. Но, не е...
6 големи разлики меѓу животот во стан и куќа, низ забавни илустрации Чистењето на станот многу зависи од „куќниот ред“ во зградата и времето за одмор...
8 знаци дека генерацијата Z веќе не ги прифаќа старите начини на работа (и како ги смени со нови нор... Одбиваат менаџерски позиции, не остануваат долго на една позиција, инсистираат н...

Најчитани неделава