Отворено писмо до сите момци од една современа девојка

На момците понекогаш им треба некој совет од современите девојки за да се вклопат во ритамот на денешното време и да заборават на старите стереотипи.

otvoreno-pismo-dosite-momci-od-sovremena-devojka-2

Затоа оваа современа девојка се осмелила да им каже неколку зборови во отворено писмо на сите момци во денешницата кое сигурно ќе ги замисли,

„Здраво момци,

Пред сè да ве поздравам културно, нешто што вие денес ретко го практикувате.

Наместо срдечен поздрав со рака, веднаш преминувате на бакнеж во образ и прегратка кои не доликуваат на прво запознавање со девојка.

Излегувате во ноќни клубови со намера да „легнете" нешто, не знаејќи дека така си го губите непотребно времето кое може да го искористите на поинаков начин, на пример читање книги или фокусирање на остварување на вашите цели и соништа, бидејќи на ваше изненадување девојките денес ги сакаат оние момци кои се посветени на себеси и знаат што сакаат.

Не посакуваат до нив момче кое постојано е на кафе и само се излежува во куќата на неговите родители иако има доволно години за да се осамостои и не размислува за ништо сериозно.

Исто така, не ви прилега ниту непотребното свиркање по улици, извикување од прозорецот на вашите автомобили или пак дофрлувањето на сексистички коментари не внимавајќи на вашата интонација.

Верувајте, тоа девојките страшно ги нервира и нема никаква шанса некоја „да падне“ на тие ваши евтини финти.

otvoreno-pismo-dosite-momci-od-sovremena-devojka-1

Што си мислите?

Дека доколку ни дадете комплимент од прозорецот на вашиот автомобил ние ќе ви истрчаме во прегратки и ќе побараме од вас да нè повозите околу градот?

Не! Ќе ја завртиме главата и никогаш повторно нема да ве погледнеме во очи, со помислата „каков идиот", која сепак ќе ја оставиме да ги распарчува нашите мисли наместо вашите уши бидејќи сме покултурни од вас.

Секоја чест на исклучоците, повторно ќе напоменам.

Ова писмо не е напишано со цел да ве навреди, туку да ве натера да размислите за вашето однесување кон девојките денес.

Ние не сме парчиња месо, туку човечки суштества, сфатете го тоа и престанете со феминистичките коментари и недоличното однесување, бидејќи во спротивно ќе останете сами, или со девојка која ќе ве научи што е тоа култура на многу погрешен начин.

Бидете поздравени и со среќа во размислувањето!

Би можело да ве интересира:

8 работи што некогаш беа норма, но денес ги гледаме како луксуз, низ илустрации Апаратите во домот траеја цела вечност и некои постари лица уште си ги користат ...
Безбедносни совети за жени од поранешен ФБИ агент - Има трик и со копчето од лифотот „Кога се чекирате во хотел, штитете го вашиот личен простор како на банкомат. Ре...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...
„Се родив во култ – на 14 години ме натераа да се венчам со братучед, но избегав и помогнав да се фа... „На 14-годишна возраст бев присилена да се венчам со мојот братучед. И покрај це...

Најчитани неделава