Враќање во училиште по распустот: Очекувања vs. реалност (видео)

Зимскиот распуст заврши и време е да се вратите на училишните обврски. Но, не се само обврските во училиштето, туку и дружењето, споделувањето на новости кои се случиле додека не сте се гледале, симпатијата која едвај чекавте да ја видите или смеењето на часовите и низ ходниците.

vrakanje-vo-uciliste-po-raspustot-ocekuvanja-vs-realnost-video-012

Колку и да не сакавте да заврши распустот, мора да признаете дека некои работи навистина ви недостигаа.

Можеби веќе и замислувавте како сè ќе се одвива, се разбира, според вашиот план.

Но, реалноста не е баш еднаква со очекувањата.

Замислувате дека кога ќе ја видите симпатијата веднаш ќе седнете до неа и ќе ѝ кажете нешто фино.

Реално, се подготвувате, собирате храброст, се приближувате и повторно кажувате некоја глупост.

Смеењето и озборувањато со другарките низ ходници го замислувате како во тинејџерските филмови, но останувате сами со мобилниот телефон, допишувајќи се на Фејсбук.

Можеби мислевте дека сте созреале многу повеќе, па сте учеле за време на распустот и ќе добиете добри оценки на првите тестови или дека сте станале поорганизирани.

За жал, реалноста е дека не ги ни отворивте книгите, првите оценки сигурно ќе ви бидат слаби, а наместо во организирана папка, сите ливчиња ги ставате во чантата и ви изгледа како корпа за отпадоци.

Уште многу интересни ситуации за очекувањата наспроти реалноста по распустот погледнете во видеото:

Би можело да ве интересира:

Што очекуваме vs. што добиваме во животот, низ забавни илустрации Иако никогаш во животот не сме трчале, упорно се лажеме дека за викенд ќе станем...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
„Вечерва Нова година ќе славам во пижами и (можеби) ќе заспијам пред полноќ“ „Нема да го пропуштам дочекот на Новата година, туку намерно ќе останам дома. За...
„Го мразев животот во Дубаи – наместо да уживам, работев 80 часа неделно, за плата со која едвај пре... Натали од Англија се преселила во Дубаи на само 18 години, откако добила работа ...
8 работи што некогаш беа норма, но денес ги гледаме како луксуз, низ илустрации Апаратите во домот траеја цела вечност и некои постари лица уште си ги користат ...
8 женски имиња за бебиња кои означуваат силна и храбра За девојчиња кои се родени да бидат силни, храбри и моќни, неколку предлог имиња...

Најчитани неделава