10 Правила кои жените би требало да ги применат во своите 20-ти

Во потрагата по совети кои ќе им овозможат добро здравје и убав изглед, жените можат да наидат на бројни информации кои им го ветуваат токму тоа. Но, не секоја информација е точна, затоа е и добро да ги знаете овие правила...

10-pravila-koi-zenite-vo-20-tite-treba-da-gi-usvojat-1

Иако не постои универзален рецепт, сепак постојат насоки кои ќе ви помогнат да имате одлично здравје и природна убавина.

Овие 10 правила мора да ги примените во 20-тите години:

1. Не заборавајте, редовното и умерено изложување на сончевата светлина е важно заради витаминот Д, кој токму на тој начин ќе го добиете, а истиот е задолжителен за здравјето на организмот.

2. Жените дневно треба да внесуваат околу 75 грама протеини, а доколку се занимавате со физичка активност тогаш внесувајте околу 85 грама. Истите можете да ги добиете од јајцата, рибите, говедското, пилешкото месо...

3. Житарици, овошје и зеленчук, риба и доволно количество на течности е клучот на исхраната, која ќе ви помогне во лекување на хормонски тешкотии.

4. Консумирајте балансирани оброци и јадете на секои 3 часа. Најдобро е веднаш после будењето да изедете порција овошје.

5. На жените со слаба физичка активност им се советува количина од 1.800 калории дневно, 2.000 за средна физичка активност, а од 2.400 до 2.800 за силна физичка активност.

10-pravila-koi-zenite-vo-20-tite-treba-da-gi-usvojat-2

6. Редовно посетувајте сауна, бидејќи таа ја поттикнува работата на крвотокот, ги чисти порите, ја зајакнува и зацврстува кожата и е добра како превенција на настинка или различни воспаленија.

7. Првите симптоми на стареењето се јавуваат помеѓу 20-тите и 30-тите години од животот. Кожата ја губи својата влага и затоа треба да започнете да користите креми против стареење, кои се соодветни на вашата возраст.

8. Јогуртот е богат со пробиотици кои го подобруваат врењето на храната, го зајакнуваат имунитетот и затоа е добро редовно да го консумирате од 3 до 5 пати дневно, а со тоа ќе го намалите и ризикот од рак на дојка.

9. Екстра девственото маслиново масло кое се нанесува директно на кожата, но и се консумира може да ви пружи заштита од промени на кожата предизвикани од процесот на стареење.

10. Смеењето го олеснува стресот и го намалува крвниот притисок. Исто така, со редовното смеење вашето тело ќе се опушти и ќе ви го подобри физичкото здравје. 

Би можело да ве интересира:

8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Двојни стандарди од кои ни се крева косата - лицемерни реакции на иста ситуација меѓу мажите и женит... Околината поинаку „ги суди“ мажите и жените кои не брзаат да стапат во брак. Кои...
6 безбедносни совети кои можат да ви го спасат животот Што да правите ако сте во автомобил на раб на бездна или, пак, ако паднете во бр...
„Пријателката ми исчезна од животот преку ноќ - ме боли повеќе од развод“ „Ги гледавме нашите деца како растат и се поддржувавме кога нашите бракови заврш...
Бонтон правила за јадење во ресторан со кои ќе делувате како отмена личност Не дувајте на храната за да ја изладете и немојте однапред да го сечете целото ј...
10 комични ситуации во кои може да се најдете кога пробувате да следите совети од интернет Во време кога сите имаме интернет, но и во време кога сите „делат совети“ кои „д...

Најчитани неделава