Зошто се ракуваме кога се поздравуваме?

Ракувањето е еден од најзначајните симболи за пријателство во културата на луѓето, но има и нешто животинско во тоа. Всушност, тоа е дискретен начин за да се помирисаме.

sekoj-den-se-rakuvate-a-ne-znaete-zosto-go-pravite-toa-01

Многу работи може да дознаете за некоја личност при ракувањето, но и таа може да дознае за вас.

Научниците велат дека ракувањето е традиционален симбол за пријателство и наш начин за да го испитаме оној кој штотуку сме го запознале.

Тие откриле дека луѓето потсвесно го користат допирот при ракувањето за да „земат примерок“ на хемиска супстанца едни од други.

За време на истражувањето спроведено врз 271 личност научниците користеле скриени камери и го набљудувале однесувањето на луѓето додека се поздравувале со нив, без и со ракување.

Забележале дека кога се ракуваат, луѓето многу почесто после поздравот го допирале лицето и носот, отколку кога немало ракување.

Ракувањето настанало како начин за да се надмине недостатокот на физички контакт меѓу луѓето.

По спроведеното истражување се заклучило дека луѓето почесто ја мирисаат десната рака, ако се ракуваат со личност од истиот пол, додека левата почесто ја мирисаат кога се ракуваат со некој од спротивниот пол.

sekoj-den-se-rakuvate-a-ne-znaete-zosto-go-pravite-toa-1.jpg

Би можело да ве интересира:

12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Labubu куклите и уште 9 трендови од 2025-та што се бесмислени според постарите генерации „Луѓето како веќе да немаат срам. Не е ’кул‘ или ’смешно‘ да се правите идиоти з...

Најчитани неделава