Никогаш не се враќај на она што те скршило!

Кога еднаш си заминал од некого, значи си имал причина да заминеш и никогаш повеќе да не се свртиш назад, нели? Зошто тогаш повторно се вртиш и фрлаш еден последен поглед исполнет со надеж, надевајќи се дека тој некој кој те скршил еднаш ќе се обиде да те врати со довикување.

nikogas-ne-se-vrakaj-na-ona-sto-te-skrsilo-1

Врати се...

Тие два збора никогаш нема да ги слушнеш, сè додека тој што те скршил не сфати дека те скршил и се изгуби целосно од твојот живот, а тогаш ќе ти викне врати сè, но без глас.

Ти ќе бидеш глув за неговите зборови, слеп за неговите дела кои требало да ги каже и направи порано, а голема е можноста и никогаш да не сфати дека те скршил сè додека не се исече од тебе.

Никогаш не се залажувај да дадеш втора шанса, бидејќи таа е важна само кога ќе згрешиш ти, останатите свесно грешат, никој не е будала денес, запомни го тоа.

Никогаш не се навраќај на она што те скршило откако повторно си ги собрал парчињата гордост, храброст, самодоверба, си ги избришал солзите и си пробал да ги залепеш повторно со нив.

Никогаш не се навраќај на она што те скршило ако веќе си ги залепил со солзи и заборав бидејќи верувај истите ќе се скршат повторно на истата пукнатина, но овој пат на парчиња кои нема да можеш да ги собереш.

Тогаш не само што ќе се скршиш повторно, ќе се распрснеш низ твојот живот и можеби никогаш повторно нема да бидеш истиот.

Учи на свои грешки, кога веќе не сакаш на туѓи, но никогаш не ги занемарувај кажувајќи си дека овој пат ќе биде различно.

Доколку повторно се враќаш на она што те крши постојано време е да ја сфатиш вистинската смисла на насловот, а тоа ќе го направиш со следната постапка.

Земи чинија и фрли ја на подот, откако ќе се скрши, извини и се и пробај да јадеш повторно од неа.

Не е возможно, нели?

Сега замисли дека ти си чинијата и некој те фрлил на земја, а потоа ти се извинал обидувајќи се да јаде од твојата добрина, надеж и шанси кога повторно почувствувал глад.

Шансите да не му застанеш во грло заедно со залакот се мали исто како и шансите дека тој ќе се засити и ќе престане да те крши откако ќе му предизвикаш мачнина во стомакот.

Затоа никогаш не се враќај на она што те скршило, туку остави истото да се исече од твојата игнорантност и да замине со лузна по која ќе те памети цел живот.

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
„До 26 години се разведов 3 пати – повторно ќе се мажам, но никој не верува дека ќе издржам долго“ „Првпат се венчав на 19 години и навистина не знаев што значи бракот. Сите ми ка...
„Бев во брак со мафијаш – живеев во раскош, но тој си доаѓаше дома со крв на чевлите и тела во багаж... „Парите, начинот на живот, накитот … сето тоа изгледа многу гламурозно. Но, не е...

Најчитани неделава