Лекции кои се учат уште во градинка: Не го земајте она што не е ваше!

Иако ни се чини дека градинката е само забава, почетна социјализација, дружба или прибежиште за децата додека родителите се на работа, многу примери се покажале дека токму таму се корените на навиките.

se-sto-treba-da-znaete-vo-zivotot-se-uci-uste-vo-gradina-001

Таму се учат основите на многу животни правила и принципи кои остануваат врежани во мислите на децата.

Често никој не им обрнува доволно внимание, но ако малку подобро се размисли ќе сфатиме дека најважните нешта што треба да ги знаеме за животот ги учиме уште во градинка:

1. Сè што имате треба да делите со другите.

2. Играјте чесно.

3. Не ги мачете луѓето.

4. Секое нешто вратете го од каде што сте го нашле.

se-sto-treba-da-znaete-vo-zivotot-se-uci-uste-vo-gradina-2.jpg

5. Исчистете зад себе

6. Не го земајте она што не е вашe.

7. Ако повредите некого, извинете му се.

8. Мијте ги рацете пред јадење.

se-sto-treba-da-znaete-vo-zivotot-se-uci-uste-vo-gradina-1.jpg

9. Пуштете вода во тоалетот.

10. Живејте балансирано: Малку учете, малку размислувајте, играјте, пејте, цртајте и работете – секој ден од сè по малку.

11. Секое попладне отспијте кратко.

se-sto-treba-da-znaete-vo-zivotot-se-uci-uste-vo-gradina-4.jpg

12. Не заборавајте дека чудата постојат. Сетете се на семето во пластичната чашка: Коренот се пушти надолу, стеблото израсна во висина, а никој не знае ни зошто, ни како, но така е со сите нас.

13. Златните рипки, глувчињата, кучињата, мачињата, па и семките во пластичните чаши еден ден умираат – исто и ние.

14. На крај сетете се на првите сликовници и зборови. Сетете се дека најчесто слушавте и изговаравте: Погледни! – Затоа што најважно е да видите добро што пишува, што се случува.

se-sto-treba-da-znaete-vo-zivotot-se-uci-uste-vo-gradina-3.jpg

Би можело да ве интересира:

Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
Знаци дека мора да направите рамнотежа меѓу приватниот живот и работата Не можете да го исклучите телефонот без чувство на вина и горди сте што сте прем...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...

Најчитани неделава