Простувањето е одлика на најпаметните и најдобрите

Да простиш, не значи да се откажеш, туку значи дека си доволно храбар да продолжиш да чекориш по твојот пат без личностите кои те повредиле.

prostuvanjeto-e-odlika-samo-na-najmapetnite-i-najdobrite-1

Ги шуткаш како камења кои ти го попречуваат движењето и сакаат да те спуштат на нивното ниво, онаму каде што се тие самите, на земја.

Но, ти знаеш дека не си роден за да лежиш на земја и да бидеш камен кој ќе ги сопнува луѓето, а тие ќе го шуткаат наоколу.

Затоа им простуваш на таквите, па дури и на оние никаквите кои не заслужуваат прошка.

Им простуваш не бидејќи заслужуваат, туку бидејќи ти заслужуваш!

Со тоа што простуваш некому не значи дека му олеснуваш само нему, туку и на себеси, а тоа те прави послободен, посреќен и подобар човек.

Те прави поголем човек меѓу луѓето, едноставно се разликуваш од камењата кои не знаат да простат, туку засекогаш остануваат нечии пречки на патот, несвесни дека така само си пречат себеси.

Затоа следен пат кога сакаш да се одмаздиш, запомни дека имаш твој пат во животот кој треба да го изодиш, запомни дека наместо да си ги валкаш рацете и устата со тоа што ќе ги повредиш или навредиш, можеш да си ги извалкаш чевлите со тоа што ќе ги шуткаш наоколу.

Ќе ги шуткаш и ќе продолжиш да чекориш, простувајќи им ним што се камења и простувајќи си себеси што не си камен, туку паметен и најдобар.

Бидејќи простувањето е одлика само на најпаметните и најдобрите!

Би можело да ве интересира:

12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Вирална објава на учител: „Барав учениците да напишат што им тежи - раскажаа за неправди, болести, с... „Работам во училиште како наставник 22 години. И вчера, ми се чини, доживеав еде...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...

Најчитани неделава