Зошто луѓето постојано критикуваат?

Критиката е универзално, но болно искуство. Може да предизвика срам и бес, но може и да ја нахрани вашата несигурност, зависно од тоа на која страна стоите.

zosto-lugeto-postojano-kritikuvaat-001.jpg

Ако има толку непријатни чувства во само една критика, тогаш зошто луѓето постојано критикуваат?

Од најмалку 25 причини:

1. Чувствуваат страв заради вашата атрактивност, способност, став или однесување.

2. Загрижени се заради вашата мотивација и вештини.

3. Имаат изразени потреби кои не успеваат самите да ги задоволат.

4. Имаат желба да бидат главни и да ја контролираат секоја ситуација, но очигледно не им успева.

5. Мислат дека имаат право на посебен третман и статус, а притоа не чувствуваат дека го добиваат тоа што го сакаат.

6. Сакаат да се чувствувате лошо за тие да напредуваат на вашата несреќа.

7. Се чувствуваат несигурно, претерано натпреварувачки настроено.

8. Мислат дека тие ќе изгледаат добро, а вие многу лошо во туѓите очи.

9. Се чувствуваат критикувано и преминуваат во контра-напад.

10. Мислат дека вистински ви помагаат.

11. Имаат цврсти ставови на одредени теми и тука туѓите мислења се помалку вредни.

12. Се обидуваат да го добијат вашето внимание или да се поврзат со вас, но им недостасуваат вештини.

13. Ги тестираат вашите граници за да се чувствуваат моќно.

14. Се натпреваруваат со вас за положба или статус затоа што знаат дека сте им препрека кон целта.

15. Се чувствуваат како експерти и сакаат сите да го знаат тоа.

16. Се обидуваат да ја превртат ситуацијата, односно себеси да се истакнат во најдобро светло и да ги минимализираат сопствените грешки.

17. Настојуваат да ве заплашат за да почувствуваат моќ.

18. Им недостасуваат социјални и комуникациски вештини.

19. Сакаат да се чувствуваат важно, независно и почитувано, но не знаат како.

20. Ги кријат повредените чувства со бес.

21. Нарцисоидни се.

22. Имаат проблеми со кои не знаат како да се соочат.

23. Чувствуваат дека имате предност во однос на нив.

24. Имаат поинакви вредности и животни цели од вас.

25. Сакаат да ве понижат, веројатно затоа што мислат дека сте помоќни во таа „игра“.

Следен пат размислете добро, од која причина вие критикувате?

Би можело да ве интересира:

Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Неочекувани, но пријатни изненадувања што ги носи староста, според повозрасни дами „Едноставно, веќе не се грижам за ништо. Не ми се верува колку време сум трошела...
10 чудни фотографии, кои се совршени на свој начин „Никогаш не сфатив кај е телото на мајка ми на оваа фотка од детството“. „Ник...

Најчитани неделава