Девојка која не се депилира веќе 8 години тврди дека мажите и понатаму ја сакаат (фото)

Јасмин Гасимова од Велика Британија е 19-годишна девојка која од својата 11-та година одлучила да не ги отстранува влакната од своето тело. Од брадата, преку пазувите, стомакот и нозете, секаде е покриена со влакна и нема никаков проблем со тоа.

ne-se-brici-i-ne-se-depilira-a-ima-mnogu-dodvoruvaci-foto-01

„Не ми е срам да признаам дека не се бричам, иако во денешното општество се очекува сите жени да го прават тоа. Понекогаш ги кратам интимните влакна кога одам на летување, но инаку имам џбун под пазувите и крзно на нозете“. – раскажува студентката на филозофија.

Уште од 10 години почнале да ѝ растат влакна и другарчињата да ја исмеваат поради тоа, па решила да престане да се оптоварува со тоа, бидејќи за да ја одржува својата кожа мазна и без влакна требало секој ден да посветува по еден час и да издржува силна болка, а влакната само ѝ станувале поцврсти и погусти.

Сепак, таа редовно ги средува веѓите, а повремено кога сака да излезе на состанок за една вечер или кога оди на летување и пред непознати, знае да се избричи за да не мора да им ги објаснува своите ставови на луѓето кои не ѝ се толку важни.

Она што неа ја радува е дека има друштво кое ја прифаќа таква каква што е  и важно им е таа да биде среќна. Покрај тоа, досега имала неколку подолги врски во кои мажите ја прифаќале нејзината одлука да не се бричи.

Нејзината храброст и позитивна енергија е она што ги освојува сите, па по објавувањето на нејзината приказна добила уште поголема поддршка и од момците, но и од девојките.

Погледнете како изгледа:

Би можело да ве интересира:

Се венчале по 6 месеци врска, во брак се 60 години, таа денес оди со него на ревии – Љубовта на Ралф... Најубавата љубовна приказна во модниот свет е на Ралф Лорен и сопругата - таа му...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...

Најчитани неделава