Сите го бараат човекот кој ја донирал венчаницата на својата сопруга со емотивна порака

Вообичаено кога се донира стара облека сите само ја собираат во кеса и ја оставаат без да размислуваат или без да оставаат некоја посебна порака.

site-go-baraat-coekot-koj-ja-doniral-vencanicata-na-svojata-sopruga-so-emotivna-poraka-01

Но, вработените во болницата St. Gemma во Лидс, Англија, нашле нешто неочекувано. Првото чудно нешто било што виделе дека некој донирал стара венчаница, а уште повеќе се зачудиле кога на неа нашле закачен лист со многу емотивно порака.

Човекот кој ја оставил венчаницата веројатно бил повозрасен маж чија сопруга починала, па решил со благослов некому да ја остави нејзината венчаница.

Во пораката напишал: „Посакувам, која и да е жена што ќе го земе овој фустан да има долг и убав живот со нејзиниот сакан, како што имав јас 56 години. Среќни години. Јас бев среќен човек оженет со жена како мојата“ - ПТО.

Целиот маркетинг тим на болницата се заангажирал за да го најде човекот кој го оставил фустанот со пораката, за да го дознаат остатокот од љубовната приказна.

Објавена е и фотографија на Фејсбук, статија во магазинот „Mirror“, но сè уште нема одговор.

Вака изгледа фотографијата од фустанот и пораката објавени на Фејсбук страницата на болницата:

 

 

Би можело да ве интересира:

Стара е за да се шета вака облечена, предрасуди за жените над 50-тата! Сигурно сте слушнале изјави како „Не ѝ личи на годините вака да се однесува“ или...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...

Најчитани неделава