Матурантката со рачно изработен фустан овој пат дизајнираше фустан за црвениот тепих

Се сеќавате на Kyemah McEntyre која се одлучила својот матурски фустан да го дизајнира сама? Таа е девојката чии уникатно сошиен фустан стана вирална атракција со силна порака за оние кои ја малтретирале цели 4 години.

devojkata-so-racno-izraboten-fustan-ovoj-pat-dizajnirashe-fustan-za-crveniot-tepih-01.jpg

Овој пат таа го имала својот прв поважен проект. Го дизајнирала фустанот за актерката Naturi Naughton.

Naturi Naughton порано била дел од женскиот бенд 3LW, а сега ја глуми улогата на Tasha St. Patrick во серијата „Power“. За Бет наградите таа лично побарала од McEntyre фустан кој ќе го има истиот уникатен стил и дизајн.

„Naturi ме контактираше преку e-mail и имавме телефонски разговор за тоа кој фустан точно е идеален за неа“, објаснува McEntyre за блогот Necole Bitchie.

„Таа ми објасни дека сака фустан кој ќе ги покажува и потенцира нејзините афрички корени. И објаснив дека нејзиниот фустан ќе биде моја втора креација по матурскиот фустан кој го сошив за мене и се согласи“ – продолжува, McEntyre.

„Се чувствувам прекрасно затоа што сум прославена само затоа што сум јас. Јас сум уметник и сакам да бидам моден дизајнер кој ќе ги инспирира девојките ширум светот да бидат она што се, природни и совршени онакви какви што се“ – заклучува.

Погледнете ја нејзината втора креација:

Би можело да ве интересира:

Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Се венчале по 6 месеци врска, во брак се 60 години, таа денес оди со него на ревии – Љубовта на Ралф... Најубавата љубовна приказна во модниот свет е на Ралф Лорен и сопругата - таа му...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...

Најчитани неделава