За што се' служи забната паста

Освен тоа што ја пастата за заби ја прави ваша насмевка свежа и неодолива, таа исто така може да ви се најде и при убод од комарец и пчела...

 

... но и при домашна употреба. Имено, пастата ги чува вашите CD-а, а истовремено може да ја нанесете за сушење на мозолчиња. Сте ја знаеле ли следнава употреба на пастата за заби?

Со паста отстранете ги модринките

Сте се повредиле и имате лоша модринка на некои посебно видно место? Решете го овој проблем со помош на пастата за заби - само нанесте тенок слој од пастата за заби на модринката и оставете ја така цела вечер. Кога ќе се разбудите рано наутро, ќе забележите дека модринката драстично се намалила.za-sto-se-sluzi-zabnata-pasta1

Со паста пополнете ги дупките во ѕидот

Имате дупки во ѕидот? Не ви е потребно бетон и гипс - едноставно ставете паста за заби во дупката, внимателно отстранете го вишокот и израмнете. Оставите да се исуши и потоа обоете ја доколку тоа е потребно.

Со паста против мозолчиња

Пастата за заби навистина ги отстранува нечистотиите на кожата, посебно доколку имате мозолчиња. Нанесте малку од пастата за заби и бидете сигурни дека нејзините состојки брзо ќе го засушат мозолчето, а со тоа ќе го забрза процесот на заздравување.

Збогум на водените флеки од мебелот

Сигурно ги познавате оние трагови од стоена чаша на вашиот дрвен мебел. Со користење на мека крпа, нанесете малку паста за заби (не гел паста) на вашиот дрвен мебел и отстранете ги тие дамки. Потоа, едноставно само пребришете со влажна крпа.

Ни убодите повеќе не се толку болни

Ако ве каснала пчела или комарец, само ставете малку забна паста на местото на убодот и по само неколку минути би требало да осетите олеснување.

Дозволете CD-ата да ви траат вечно

CD-ата се многу чувствителни на гребаници, но тие гребаници обично се случуваат на оној заштитнички пластичен дел, а не на самата меморија која ја чува ЦД-to. Тоа значи дека и со минимално полирање со паста за заби по нејзината текстура, може да ги "заблажи" тие мали гребнатинки. Забната паста е одлична за оваа намена бидејќи делува абразивно, а сепак доволно нежна да не го оштети CD-то.

Би можело да ве интересира:

Починала во својот дом, ја нашле три децении подоцна: Детали за една од најчудните мистерии од поран... Хедвига Голик починала во 1960-тите или 1970-тите, во нејзиниот стан во Загреб. ...
Бонтон правила што мора да ги следите на социјалните мрежи Не пишувајте навредливи коментари кои не би ги кажале во живо и подобро воздржет...
Знаци дека мора да направите рамнотежа меѓу приватниот живот и работата Не можете да го исклучите телефонот без чувство на вина и горди сте што сте прем...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Забавна фото-компилација: Мутирани растенија што изгледаат како од друга планета Велат дека е среќа ако најдете детелина со четири листа. Но, дали сте виделе со ...
Работат за 100 евра плата, умираат поради нехумани услови: Мрачната страна зад гламурот на Дубаи (шт... Работниците во Дубаи кои работат на градилиштата, но и по хотели, спа центри и с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg