Засакајте го животот!

zasakajte-go-zivotot-povekjeШефот ви стапна на нога? Професорот ве изнервира? Сте паднале во депресија? Нервозни сте? Не се давајте! Стресот е најголем непријател на модерниот...

 

...човек. Вие секако сте дел од нив. Еве неколку совети како да се опоравите од стресот.

1. Правете го она што ве прави среќни
Бројните обврски и густиот распоред многу лесно може да ве доведе до ситуација да не знаете каде сте. Без разлика дали станува збор за мали работи или остварување големи цели, фокусирајте се на она што ве прави среќни - така ќе го заштитите емоционалното и телесното здравје.

zasakajte-go-zivotot

2. Уживајте во споредните работи
Кога правите листа на она што МОРА да го направите, никако не ги заборавајте добрите работи. Читање во кревет, утринска прошетка, доручек надвор, слушање музика или седење во омилената фотеља. Прешкртајте ги оние работи кои избегавате да ги завршите веќе неколку месеци.

3. Бидете добри кон себе
Вежбајте секој ден кога не се чувствувате добро. Барем 10 минути. Станете од спиење и направете утрински вежби. Нема да се покаете!

4. Разбијте го стресот
Намалете ја напнатоста практикувајчи стратегија која го редуцира стресот. Направете мала пауза за да вдишете длабоко - вдишете преку нос и испуштете го воздухот преку уста. Повторете го ова 3 до 4 пати на ден. Ќе внесете повеќе кислород во крвотокот и ќе се опуштите и смирите. Обична прошетка од 10 минути повеќе ќе ви користи отколку брзата храна која ја јадете за смирување.

5. Поврзете се со блиските
Насмејте се во кругот на фамилијата и пријателите барем еднаш или два пати во месецот. Отвореноста и искреноста која ја делите со луѓето кои ви се важни во животот може да ви покажат нови перспективи и да ве извадат од секојдневната напорна ситуација. Овие дружби имаат позитивно влијание на вашето здравје посебно ако ве насмеат добро.

Чувството на задоволство и исполнет живот е клучен фактор за вашето телесно и емоционално здравје. Затоа ценете го своето време, независност, самодоверба, врски со луѓето и уживајте во животот!

Би можело да ве интересира:

„Работам како стриптизер – по настап секогаш имам гребаници од обожавателки, на девојка ми не ѝ преч... „Многу чести ги завршувам настапите со гребаници. Ме фаќаат, ме гребат, како да ...
9 илустрации што ќе ви разбудат носталгија - Како се славеше Нова година кога бевме деца vs. како се... Кристалот се вадеше еднаш-dvapati годишно, се користеше во специјални прилики и ...
„Цела недела пиев по 3 литри вода дневно – позитивните промени беа поголеми отколку што очекував“ „Најголема промена видов во кожата – лицето веќе ене ми беше суво, туку хидриран...
5 бивши кои со своето однесување како самите да ве тераат да ги „мразите“ „Имав бивша која измисли дека е бремена, ми покажуваше лажни слики од ултразвук,...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Хит видео топи срца: Собирачи на отпад му дадоа втора шанса на мечето Вини Пу, откако некој го фрлил... Изгледа вработените во комунална хигиена немаа срце да го уништат засекогаш кади...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg