Што мириса најубаво?

shto-mirisa-najubavo-povekjeМирисот на свежо испечен леб е на врвот на листата на најубавите мириси на светот, а веднаш зад него се наоѓаат мирисите на чиста постелнина и свежо...

 

...искосена трева, покажа најновото истражување.

Исто така за британците еден од омилените мириси е и оној на националниот специјалитет од риба и пржени компирчиња, прочуениот „fish and chips“, како и мирисот на свежо сомелено кафе и воздухот после дожд.

Кога станува збор за најнеубавите мириси пак на самиот врв на листата е смрдеата од повраќаница, потта и мирисот на јавните тоалети. Чувство на мачнина исто така предизвикуваат и мирисот на испотени стапала, чад од цигари, мирисот на контејнер и влажните кучешки влакна.

shto-mirisa-najubavo

Психологот, доктор Pamela Dolton објаснува дека луѓето различно реагираат на мирисите кои можат да поттикнат носталгија кон минатите времиња.

„Врската помеѓу мирисите и помнењето е навистина силна, но секој различно реагира на мирисите во зависност од сопствениот карактер.“

Истражувањето исто така покажа дека мирисите можат да ги прават посреќни 92% од жените и 80 % од мажите. Сепак додека жените велат дека мирисот им ја враќа насмевката на лицето затоа што ги потсетува на саканата личност, мажите сакаат мириси кои кај нив предизвикуваат чувство на возбуда.

Изненадувачки е фактот дека цели 94% од мажите изјавиле дека им е многу важно како им мириса домот.

2/3 од испитниците, посебно од машкиот пол, никогаш не би му кажале на својот пријател или колега дека смрди.

Според истражувањето, десетте најубави мириси на светот се:

1. Свежо испечен леб
2. Чиста постелнина
3. Свежо искосена трева
4. Свежо цвеќе
5. Свежо сомелено кафе
6. Свежиот воздух после дожд
7. Мирисот на ванила
8. Мирисот на чоколадо
9. Пржена риба и компирчиња
10. Пржена сланина

Би можело да ве интересира:

Инфлуенсерка сподели грозен хотелски трик – перење долна облека во кафемат, се соочи со критики (вид... Инфлуенсерка се соочи со куп критики, а се шпекулира дека добила тужба од хотел,...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
8 навики кои изгледаат безопасно, но ви ја уништуваат самодовербата Се извинувате за буквално сè и толерирате непочитување, наместо да се одбраните....
Во Кина има „затвори“ за луѓе со прекумерна тежина: Никој не смее да си замине, вежбаат по 4 часа дн... Во таканаречените „затвори“ за луѓе со прекумерна тежина во Кина, учесниците сле...
„Празници им се и на оние во болница, а и на оние кои примаат сочувство - Имајте разбирање за нив“ Среде еуфоријата во празничниот период забораваме дека најважниот подарок всушно...
Со месеци му правеле егзорцизми, лекарите немале објаснување: Вистинската приказна зад најморничавио... Филмот The Exorcist е снимен според вистинската приказна за 13-годишно момче кое...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg