Постар брат и помала сестра: 7 работи кои ги поврзуваат до крајот на животот

Го сакаш, па те нервира. Но, ќе го имаш за цел живот. Постариот брат е незаменлива личност во животот на секоја девојка и жена.

postar-brat-i-pomala-sestra-7-raboti-koi-gi-povrzuvaat-do-krajot-na-zivotot-01.jpg

Понекогаш ќе ти ги тренира нервите, а понекогаш неговиот совет е вреден злато.

Какво и да ви било детството и растењето под ист кров, овие 7 работи ќе ве поврзуваат до крајот на животот. Затоа што како што велат, „крвта не е вода.“

1. Сте го покривале за некоја глупост, барем еднаш

Без разлика дали се работи за искршен предмет или за девојката која тајно ја внел во соба, заради него сигурно еднаш сте ги излажале родителите. Но, тој се потпрел на вас и не сте можеле да ја изневерите неговата доверба. Освен тоа, сигурно и тој би го направил истото за вас.


2. Сте му чепкале по работите кога не бил дома

Само затоа што сте го покривале пред родителите, не значи дека знакот СТОП на вратата од неговата соба го сфаќавте озбилно. Без оглед што и да сте нашле по неговите фиоки и шкафчиња, сигурно сте се покаеле. Баш секој пат.


3. Ви се допаѓал неговиот пријател

Кога екипата ќе ја собереше дома, бевте супер возбудени, затоа што тоа значеше дека ќе дојде и неговиот згоден пријател? Да, мислиме на оној прекрасен другар за кој дури и вашата мајка мислеше дека е симпатичен и примерен.


4. На вашата пријателка сигурно ѝ се допаѓал вашиот брат

На барем една од пријателките, мора да им се случило ова. Штом ќе се појавеше на врата, ве прашуваше дали тој е дома? Да, тоа е првиот знак, но никогаш нема да добиете отворено признание до крајот на животот.

postar-brat-i-pomala-sestra-7-raboti-koi-gi-povrzuvaat-do-krajot-na-zivotot-02.jpg

5. На него не му се допаѓало ниту едно ваше момче

Имало моменти кога љубовниот живот ви го претворал во пекол, но само затоа што сакал да ве заштити. Сосема е нормално сите ваши момчиња да се плашат од постариот брат, иако сите очајно сакаат да му бидат најдобри пријатели.


6. Сè уште имате лузни од заедничките глупости

Сигурно во неколку наврати забавната тепачка прераснала во сериозна или фрлањето со предмети погодило некое незгодно место кое до ден денес има лузна. Веројатно во моментов и ви си помислувате на онаа лузна која ве асоцира на некоја заедничка глупост.


7. Израснавте со најдобар пријател

Можеби сте се тепале по цел ден, но на крајот, сепак заспивавте како пријатели. И тоа е единственото богатство кое треба да го сочувате.

Би можело да ве интересира:

„Дедо ми е педофил кој ми го украде детството - сите му се восхитуваа, само јас знаев дека е чудовиш... „Кога првпат почна да ме допира, не ми беше јасно што се случува. Се прашував да...
Дишење опасни гасови, хероин: Бизарни лекови за настинка и грип од минатото Во минатото, луѓето верувале дека со испуштање крв, телото се чисти од токсини, ...
Ја избодела мајка ѝ 79 пати, имала шизофренија: Морничавиот случај на Изабела Гузман Во 2013-та, тогаш 18-годишната Изабела Гузман од САД ја избодела мајка си 79 пат...
Ракоплескање откако авионот ќе слета и уште 8 „учтиви“ работи што ги нервираат стјуардесите (и други... Немојте да ја преуредувате преградата за рачен багаж. Ако нема доволно место, не...
Морничавите јапонски затвори за осудените на смрт: Затворениците не знаат кога ќе бидат егзекутирани Во Јапонија, затворениците осудени на смрт не знаат кога ќе бидат егзекутирани –...
Coca Cola ја донесе божиќната магија – рекламата повторно со AI, делува како бајка од Disney филмови... Панди, фоки и други животни се главни ликови во новата божиќна реклама на Coca C...

Најчитани неделава