8 работи за кои треба да се заблагодарите на себеси пред да заврши годината

Во празничниот период кога сите ве советуваат да бидете среќни и благодарни за луѓето кои ги имате околу вас, направете пауза и направете го спротивното за момент – заблагодарете си се на себе.

8-raboti-za-koi-treba-da-si-se-zablagodarite-na-sebesi-pred-da-zavrsi-godinata-01.jpg

За она што го направивте, но и она што не го направивте. За работите кои ви изгледаа ненадминливи, а сепак ги надминавте. За сите нови искуства со кои си го збогативте животот.

Најважно од се, заблагодарете си се за овие 8 работи:

1. Затоа што кажавте „не“, кога сите ви велеа да кажете „да“. И со следењето на интуицијата го направивте најдобриот избор за себе. Без разлика дали се работеше за партнер кој не ве третираше како што заслужувавте или за отказот околу кој долго се двоумевте, тоа „не“ ви донесе само позитивни промени.

2. Затоа што имавте сериозни цели, иако можеби не ги исполнивте сите. Прогресот е нешто за што ретко си се заблагодаруваме, а вреди цело богатство. Не ја правете оваа грешка и оваа година.

3. Затоа што пробавте нова храна, нови пијалаци, посетивте нов град... И благодарение на тоа сега секое ваше сетило е побогато.

4. Затоа што сигурно направивте некое добро дело. Доволно е тоа што подаривте облека или храна на некој бездомник или пак вдомивте некое бездомно животно. Во моментот можеби не ви делува како работа за која треба да се пофалите, но на крајот од годината, кога ќе сфатите дека сте разубавиле нечиј живот, заслужувате едно големо браво!

5. Затоа што научивте нешто ново за себе. Дури и ако тоа подразбира дека повеќе ви одговара Мартини-то како пијалак, наместо вотката. Или ако откривте некој нов далечен братучед. Сеедно, во следната година влегувате со една информација побогати.

6. Затоа што се опкруживте со добри луѓе, а лошите ги оставивте зад себе. Иако можеби прво ќе се сетите на пријателот кој намерно го изгубивте или партнерот кој со тешко срце го оставате, заблагодарете си се за сите оние добри избори на луѓе кои оваа година ве натераа да се насмеете за нијанса погласно.

7. Затоа што конечно успеавте да си купите некоја работа која не ви беше неопходна, но ја посакувавте како што мало дете посакува играчка. Бидете благодарни затоа што самите сте ја создале и заслужиле можноста за тоа разгалување.

8. Затоа што постојат толку многу работи кои ги направивте сами оваа година, без ничија помош и без следење на некакви инструкции. Заблагодарете си се затоа што оваа година останавте верни исклучиво на своите верувања и знаења.

Би можело да ве интересира:

Во Македонија предметите ги чуваме за посебна пригода (и чиниите и чашите и фустанот и свеќата) - Зо... „Изнеси ги чиниите за посебни пригоди... Затоа што посебна пригода е да имаш топ...
Вистински хорор-приказни од операции и процедури за убавина (направени во непроверени клиники) „Целата ситуација беше како пекол. Се сеќавам дека се погледнав во огледалото и ...
Работи кои ни беа норма во `90-тите и 2000-тите, но новите генерации тешко дека ќе ги преживеат „Денешните деца не знаат што значи да им биде навистина здодевно“. „Денешните...
12 фото-докази дека на некои луѓе треба да им се забрани да влезат во кујна „Мајка ми направи торта за роденденот на внука ми, инспирирана од Angry Birds. С...
Што се читаше најмногу на CRNOBELO.com во 2025-та? Трагедијата што ја погоди Македонија остави голема трага врз 2025-та, но никогаш...
Што очекуваме vs. што добиваме во животот, низ забавни илустрации Иако никогаш во животот не сме трчале, упорно се лажеме дека за викенд ќе станем...

Најчитани неделава