Ако зборувате повеќе од еден јазик, попаметни сте од другите

Ако планирате да учите нови јазици, најверојатно не знаете колку тоа може да има позитивно влијание врз вашиот ум. Ова искуство може, всушност, фундаментално да ги смени вашите ментални способности.

Ako-zboruvate-poveke-od-eden-jazik-popametni-ste-od-drugite-01.jpg

Сè поголем број на истражувања докажуваат дека луѓето кои зборуваат повеќе од еден јазик се пофлексибилни и имаат понапредни начини на размислување. Тие се попаметни, покреативни во решавање на проблемите и повеќе одговорни за сопствените емоции и чувства.

Кога можеме да зборуваме повеќе јазици, лесно може да разговараме со странци на нивниот мајчин јазик, го гледаме светот на поинаков начин - на начин на кој и тие го гледаат. Ја гледаме вредноста и важноста на различните перспективи.

Бебињата израснати со два јазика од раѓањето се развиваат побрзо, учат подобро и совршено може да се прилагодат на новите услови.

Едно истражување покажало дека билингвалните луѓе поретко страдаат од болести како деменција и Алцхајмерова болест.

Научниците овој феномен го објаснуваат на следниот начин: бидејќи мозокот е како мускул, со изучување на странските јазици тој се прилагодува на новите (странските) когнитивни светови. Нешто слично како физички тренинг, колку повеќе учите толку пофлексибилен станува вашиот мозок.

Ако децата зборуваат неколку јазици од раното детство, тие се подобро опремени да ги разберат различните идеи и концепти.

Иако не знаеме дали е можно да се живеат два животи во исто време, кога се учат дополнителни јазици, знаеме дека разбирањето јазици може да ни помогне подобро да ги разбереме луѓето кои се различни од нас самите.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во Кина има „затвори“ за луѓе со прекумерна тежина: Никој не смее да си замине, вежбаат по 4 часа дн... Во таканаречените „затвори“ за луѓе со прекумерна тежина во Кина, учесниците сле...
8 причини зошто животот со смартфон е (многу) полесен, низ илустрации Ако порано сакавме да си купиме облека, немавме избор освен со часови да шетаме ...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
„Се родив во култ – на 14 години ме натераа да се венчам со братучед, но избегав и помогнав да се фа... „На 14-годишна возраст бев присилена да се венчам со мојот братучед. И покрај це...
10 очигледни особини кои ги имаат луѓето со ниска интелигенција Не се љубопитни и немаат интерес за подлабоко да навлезат во некои теми. Се прец...
Луѓе ги споделуваат најглупавите (и најсмешните) причини зошто завршиле во болница „Си го скршив малиот прст бидејќи му покажував на брат ми како си го скршив друг...

Најчитани неделава