Нова Година без подароци

Малку замирисува на зима и почнуваат важните предновогодишни активности  – украсување на излозите, дворовите и куќите. Трговските центри веќе...

 

... неколку недели претходно од складиштата ги извадиле сите новогодишни намирници, а луѓето, растрчани, само купуваат, припремаат и се подготвуваат.

Тука некаде започнува и дебатата околу лицемерието. За комерцијализацијата на празниците. За нивната поента и значење. За тоа колку и зошто толку многу луѓето се внесуваат во сите овие приказни.

Настрана дискусиите за доброто и лошото, ние ви ја претставуваме иницијативата на еден човек кој верува дека оваа Нова Година би требало да не им даваме подароци на децата. Причина? Да го испровоцираме вистинскиот Дедо Мраз да ги изненади.

ovaa-nova-godina-bez-podaroci1

Психологот д-р Џозеф Пернел смета дека никогаш нема да дознаеме дали навистина постои симпатичниот, дебелкав дедо, кој се појавува со вреќа играчки, доколку продолжиме да ја вршиме неговата работа.

Луѓето мислат дека се шегувам, но јас не можам да бидам посериозен“, вели психологот, и додава дека е долгогодишен проучувач на легендите за Дедо Мраз,  и отсекогаш бил фасциниран од Свети Никола. „Знам дека не е волшебник кој живее на северниот пол. Но длабоко во себе, се` уште верувам дека тој има моќ да ја награди детската невиност и да прави чуда“, вели Пернел.

Луд? Романтичар? Можеби, не знам. Но, знам дека доколку не пробаме нешто вакво, никогаш нема да ја дознаеме вистината“ – предупредува психологот.

Тој смета дека овие празници за прв пат би можеле да се прослават како никогаш до сега. „Доколку децата најдат играчки под елката, ќе знаеме дека е вистински, во спротивно, ќе знаеме за сигурно дека Дедо Мраз е плод на нашата колективна имагинација и симбол на она што би сакале да ни се случува.“

Сепак, поттикнувајќи ги родителите да не им купуваат подароци на децата, тој го припрема теренот за едно големо детско разочарување  - замислете ја само реакцијата на клинците, кога под елката нема да најдат играчки. Уште позастрашувачки од детскиот ужас се економските последици – рецесијата се`уште претставува огромен светски проблем. Без новогодишните распродажби, произведувачите на играчки и продавниците би биле затрпани во проблеми – факт со кој ќе се сложат сите аналитичари.

Дури и самиот Пернел, кој ја промовира својата мисија преку радио станици и интервјуа, признава дека неговата иницијатива има и недостатоци. На крајот заклучи дека, без оглед на неговото постоење, „вистината“ за Дедо Мраз ќе им носи заработувачка на многумина уште мноогу долго.

Па? Што се решивме? Купивте подароци за Нова Година?

Би можело да ве интересира:

Знаци дека мора да направите рамнотежа меѓу приватниот живот и работата Не можете да го исклучите телефонот без чувство на вина и горди сте што сте прем...
Дишење опасни гасови, хероин: Бизарни лекови за настинка и грип од минатото Во минатото, луѓето верувале дека со испуштање крв, телото се чисти од токсини, ...
5 навики за среќен и исполнет живот што можеме да ги научиме од Италијанките Уживајте во храна со јаглехидрати, како пица, но комбинирајте ја и со свежи прод...
Станал крал на мал остров во Тихиот Океан: Шведски морепловец е инспирација за таткото на Пипи долги... Швеѓанецот Карл Емил Петерсон завршил на мал остров во Тихиот Океан по бродолом....
Го изгуби целото семејство, се предозира на 37 години: Трагичниот живот на ќерката на Аристотел Оназ... Ќерката на Аристотел Оназис била несакано дете и татко ѝ дури ја истепал мајка ѝ...
14 илустрации за сите жени кои доминираат низ животот Илустраторка ја слави самодовербата, амбицијата и љубовта кон себе, потсетувајќи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg