Дозволете снегулките да ги допрат вашите усни

Едно од најголемите природни чуда на овој свет се снегулките. Ситен совршен дизајн на мраз секој за себе индивидуално уникатен, детализиран, спектакуларен...

dozvolete-snegulkite-da-gi-doprat-vashite-usni-01.jpg

Сите сме чуле дека нема две снегулки кои се исти. Секоја за себе има совршена форма и секоја за себе е индивидуална, уникатно креирана, посебна.

И додека гравитацијата им дава заедничка дестинација, секоја снегулка има можност да одбере свој пат. За време на тој пат некои се судираат и оштетуваат, некои формираат нешто сосема неочекувано, а некои остануваат недопрени и сведочат за убавината на природата.

Едноставно тешко е да се разбере што точно се случува во природата за да настане овој дизајн.

Како да е извлечен од најдлабоките бунари на фантазијата, а не е од човековиот ум.

Сè се случува сосема природно, сосема неочекувано...

Фотографот Елакесеј Кјатов има специјален талент за фотографирање на краткиот живот на овие прекрасни креации.

„Снегулките ги фотографирам на мојот балкон, најчесто на стаклена површина, осветлени под лед сијалички, а понекогаш и на природна светлина на темни памучни материјали“ – вели фотографот.

Препуштете се на зимската фантазија:

Би можело да ве интересира:

Моќта на бројките - пресметајте кои години ќе ви бидат среќни и ќе ви донесат пресвртница во животот Нумерологијата, покрај другите работи, може да ви помогне да пресметате и кои го...
„Изгледаш добро за годините“ и уште 8 најглупави коментари кои ги добиваат жените во Македонија Иритантен коментар во Македонија e кога маж е дома со децата, додека жената е из...
Најчитани интервјуа на CRNOBELO во 2025: Љубовни приказни, успешни Македонци во странство, животни б... Меѓу патувачките и животните приказни на Македонците, од кои дел се јавни личнос...
Цела зима нема достава на намирници, алкохолот беше забранет поради насилство: Животот во најизолира... Неодамна, жителите на гратчето Тасилак на Гренланд го испратија последниот товар...
Страшните услови во фабриките за Labubu: Работат тинејџери, некои се заразиле со туберкулоза Нова истрага покажала дека работниците во фабриките за Labubu се соочувале со уж...
Стара е за да се шета вака облечена, предрасуди за жените над 50-тата! Сигурно сте слушнале изјави како „Не ѝ личи на годините вака да се однесува“ или...

Најчитани неделава