Како да знаете што навистина сакате во животот?

Дали сте поминале часови и часови не можејќи да направите еден конечен избор, па дури и да завршите позбунети од претходно? Не грижете се, не сте единствени.

kako-da-znaete-shto-navistina-sakate-vo-zivotot-01.jpg

Сите знаеме да страдаме од тоа да не можеме да направиме некаква одлука или избор подолг период. Обично, кога бараме некаков одговор започнуваме со анализа на придобивките и завршуваме уште позбунети.

Од друга страна пак, веројатно имате луѓе покрај вас кои воопшто не се двоумат, кои знаат да донесат избор речиси инстантно.

Што им помага?

Тајната е во самодовербата, а и од одлучноста околу тоа што навистина сакате во животот.

Колку повеќе сте во допир со вашата интуиција, толку полесно можете да дојдете до одлука.

Па, ако сте неодлучна личност, разгледајте ги овие потточки и ќе направите вистинска промена во вашиот живот:

Дали е фантазија?

Важно е да ја разберете разликата меѓу тоа што ви се чини како привлечно и она што навистина е привлечно за вас. Ако ме прашате мене, каков живот сакам, веројатно би одговорила со тоа дека посакувам мој огромен стан, со масивни прозорци, со поглед на море и пријатели со кои секое попладне ќе го поминувам во омилениот кафе бар.

За момент застанете. Не ви наликува оваа слика на серијата Пријатели? Точно. Често нашите фантазии знаат да вклучат желби да бидеме познати поп ѕвезди или успешни бизнисмени, но овие фантазии не се лично наши.

Тие се наметнати на нас од општеството.

Луѓето многу често ги следат соништата кои им се чинат привлечни, но реалноста е дека истите не се.

Токму затоа, како за почеток важно е да откриете што ВИЕ навистина сакате.


Каков страв чувствувам?

Кога не можете да одлучите нешто да направите или изберете затоа што сте исплашени, тоа е најчесто затоа што најверојатно таа работа навистина не ја посакувате.

Од друга страна пак, постои страв за работите кои навистина ги сакаме, но свесни сме за предизвиците кои доаѓаат со одлуката.

Па како да знаете за каков страв станува збор?

Погледнете како се однесува вашето тело. Дали сте ентузијастични да им раскажете на пријателите за вашата одлука? Ако случајот е таков, тогаш знаете дека станува збор за оној страв кој доаѓа од вистинските желби.

Ако чувствувате стрес или фрустрација, тогаш стравот потекнува од фактот што длабоко во себе не сакате да го направите тој избор кој ви е зададен.

Како за крај,


Дали сте способни да ги прифатите последиците?

Знаете дека нешто време, ако сте способни да ги прифатите последиците, без разлика на тоа колку се тешки, па не чекајте, туку направете ја вистинската одлука.

Би можело да ве интересира:

Што прават терапевтите кога се чувствуваат депресивно? Прават работи што ги радувале кога биле деца, си поставуваат реалистични цели за...
„Полна рака спомени од детството... Денешните деца не посегнуваат да скинат зелени кајсии или сливи“ Јадевте ли вие зелени сливи и кајсии? И дали јадете и денес како возрасни? Ах, с...
14 луѓе кои сами си ја организираа кујната, а личи како да дале богатство на професионалци Ако ви здодеа изгледот на кујната и сакате да го смените нејзиниот лик, овие 14 ...
Трагичната судбина на бившиот на Кети Пери: По сообраќајка си ја уби сосетката и скокна од покрив на... Актерот Џони Луис бил еден од ретките кои наместо забави, дрога и алкохол сакале...
Направила сообраќајка, викнала полиција, па исчезнала: Детали за еден од најпопуларните случаи на Ју... Пред нешто повеќе од две децении, Мора Муреј, која инаку била амбициозна студент...
Двојни стандарди од кои ни се крева косата - лицемерни реакции на иста ситуација меѓу мажите и женит... Околината поинаку „ги суди“ мажите и жените кои не брзаат да стапат во брак. Кои...

Најчитани неделава