Пријателствата се подеднакво добри за здравјето колку и вежбањето

Од самиот почеток на годината изгледа како сите да знаат сè за успехот и среќата. Одете во теретана, јадете само здрави работи, велат сите. Но, кое е тоа едно нешто кое е важно за здравјето, а го забораваат сите? Дружбата со вашите пријатели.

prijatelstvata-se-podednakvo-dobri-za-zdravjeto-kolku-i-vezbanjeto-01.jpg

Ново истражување на универзитетот во Северна Каролина - Chapel Hill, открило дека дружбата со вашите пријатели има важна улога врз вашето здравје и е исто толку важно како здравата исхрана и вежбањето.

Беше докажано дека осаменоста и лошото здравје се поврзани и дека социјалната неактивност е дел од причините за дебелина, висок крвен притисок и воспаление.

Истражувачите поделиле 4 големи репрезентативни групи кои вклучувале повеќе од 14.000 лица, од адолесценти до возрасни луѓе, гледајќи како пријателствата и осаменоста влијаат врз телото.

Тие откриле дека социјалната изолација во време на адолесенцијата го имала истиот ефект како и физичката неактивност која предизвикува воспаленија. Кај постарите личности е уште полошо, чувството на осаменост и изолација може да доведе до големи здравствени проблеми како дијабетес и висок крвен притисок, кои може да доведат до компликации.

Истражувањата велат дека колку порано се направат значајни социјални поврзувања, толку подобро, но група од добри пријатели е важна за било која возраст. Важен е квалитетот на пријателствата, а не квантитетот.

Треба да се охрабруваме да градиме нови и трајни пријателства и врски со надворешниот свет, да не се затвараме во себе, а покрај тоа да вежбаме и да се храниме здраво.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Страшните услови во фабриките за Labubu: Работат тинејџери, некои се заразиле со туберкулоза Нова истрага покажала дека работниците во фабриките за Labubu се соочувале со уж...
16 фото-докази дека има моменти во животот кои се посмешни од циркус „Дента кога тргнав за на колеџ, моите ми дадоа купче пари - сите банкноти кои ма...
Стереотипи во кои луѓето погрешно веруваат за 7 различни професии, низ илустрации Мит 1 - задача на стјуардесите е да ги услужуваат патниците. Вистина - нивна гла...
Инфлуенсерка сподели грозен хотелски трик – перење долна облека во кафемат, се соочи со критики (вид... Инфлуенсерка се соочи со куп критики, а се шпекулира дека добила тужба од хотел,...
„Поминав цела деценија во заробеништво, на 10 минути од дома – на 14 години ме киднапира маж кој мис... На 14-годишна возраст, Тања Кач минувала низ тежок период поради разводот на род...
Работела како продавачка додека студирала – Која е скромната (и таинствена) наследничка на Primark? Основачот на Primark има пет деца од две жени, а неговата најмала ќерка, Џес реш...

Најчитани неделава