Малку познати карактеристики на најпопуларните веб-услуги

Вашите омилени веб-услуги можат да бидат многу повеќе отколку што мислевте.

Malku-poznati-karakteristiki-na-najpopularnite-veb-uslugi

Во овој текст ќе зборуваме за малку познати карактеристики на: Фејсбук, Гугл и Јутјуб...

Пиратски Фејсбук

Дали знаевте дека можете да го промените вашиот Фејсбук интерфејс јазик на пиратски јазик. Да го направите ова одете на генералните преференци на профилот и изберете јазик „англиски (Pirate)“.

Дали некогаш сте сакале да го прочитате линкот споделен на Фејсбук, но бевте премногу зафатени во тој одреден момент, а кога најдовте слободно време целосно заборавивте на тоа. Добрата вест е  дека постои опција „Зачувај за подоцна“. Да, толку е лесно!


Google летови

За оние кои сакаат да патуваат Google има опција со која можете да ги пратите авионските летови. Побарајте ја вашата авиокомпанија и бројот на летот за да добиете брзи информации за пристигнување и заминување на авионот.

Една од оние навистина кул карактеристики кои речиси никој не ги знае за Google е можноста да се "лета" со помош на Google Earth! Треба да отидете на Google Earth, да притиснете Ctrl + Alt + А, да одберете некој авион и да летате каде сакате.


Youtube на вашиот телевизор

Дали сакате да гледате видео од Youtube на вашиот ТВ екран? Сега можете да го вклучите вашиот. Одете на https://www.youtube.com/tv да се вчита интерфејсот наменет само за телевизори. Притиснете го копчето "С" за пребарување и "G" за отворање на упатство.

Уште една работа која можете да ја направите на јутјуб е да ја намалите или зголемите брзината на видеото. Ова можете да го наместите во опциите (settings-speed), долу, десно од видеото, каде што го местите квалитетот на сликата.

M. A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Преплашен е од неа, таа има дечко: Најлудите теории на заговор за бракот на Доналд и Меланија Трамп „Познавам само една личност што го мрази Доналд повеќе од Меланија“, има изјавен...
„Купив близнаци од интернет за 8.000 евра – ме осудуваа, но не погрешив“: Детали за најголемиот скан... Во раните 2000-ти, Британката Џудит се најде среде најголемиот скандал со посвој...
„Се разбудив за време на операција – немаше болка, но ги чувствував рацете на хирургот во стомакот“ Многу луѓе се плашат од можноста да се разбудат среде операција. Ако и вие спаѓа...
Најбогатите наследници на светот – станале милијардери „преку ноќ“ Најбогатиот аристократ од Англија има повеќе пари и од кралот Чарлс, а наследи о...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
9 (не толку) забавни ситуации пред празниците во кои ќе се препознае секоја жена Планирате да поминете најмалку можно време во кујната пред празниците, но толку ...

Најчитани неделава