Каде одат некупените новогодишни елки?

Сте се запрашале ли некогаш што се случува со новогодишните елки кои остануваат без никој да ги купи во големиот број продавници ширум светот?

kade-odat-nekupenite-novogodisni-elki-02.jpg

Властите на Берлин веќе години наназад го решаваат овој проблем со тоа што преостанатите елки им ги носат на слоновите во берлинската зоолошка „Tierpark“.

kade-odat-nekupenite-novogodisni-elki-01.jpg

Елките не само што имаат голема хранлива вредност за овие огромни цицачи, туку исто така помагаат и во чистењето на нивните заби.

Според изјавата на еден од чуварите во зоолошката, Марио Хамершмит, станува збор за дрвја кои се одгледувани без пестициди со што на ниту еден начин не се става под знак прашалник здравјето на слоновите.

„Овие дрвја се одличен додаток во зимската исхрана на слоновите“ – додава тој, „тие содржат слатка смола која е богата со витамини и хранливи материи, а нивните иглички не претставуваат никаков проблем за големите усти на овие животни.“

kade-odat-nekupenite-novogodisni-elki-03.jpg

kade-odat-nekupenite-novogodisni-elki-04.jpg

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
10 интересни фотки кои покажуваат дека големината е навистина важна Знаете ли колку се всушност големи турбините на ветер и дека човек покрај нив из...
6 безбедносни совети кои можат да ви го спасат животот Што да правите ако сте во автомобил на раб на бездна или, пак, ако паднете во бр...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...
Цела зима нема достава на намирници, алкохолот беше забранет поради насилство: Животот во најизолира... Неодамна, жителите на гратчето Тасилак на Гренланд го испратија последниот товар...
Исчезнувања од крузери од кои ќе ве полазат морници – со години се обвиени со мистерија Жена чие исчезнување не ни било пријавено од екипажот, жена која била најдена мр...

Најчитани неделава