7 навики на среќните луѓе

Да нема забуни - мислиме на луѓето од чие лице зрачи среќа! А еве ги и седумте навики што можете да ги забележите кај секој од нив и доколку ви се...

 

... допаѓаат и чинат квалитетни, слободно дајте си слобода да ги користите!

1.  Се вложуваат во нешто во што веруваат –А тоа може да биде се`

Од активно вклучување во политиката, до посветување на религијата, поддржување на идеи во кои навистина веруваат, или изнаоѓање на страст во својата професија. Во секој случај – психолошкиот резултат е идентичен. Тие се вложиле во нешто во што вистински веруваат. Ова вложување внесува среќа и цел во нивните животи.

2.  Посветуваат време на семејството и пријателите

– Па и по дефиниција  - човекот е среќен кога го поминува со своите пријатели и семејството. Човекот ќе биде онолку среќен колку што се цврсти и вистински неговите врски и интеракцијата со овие луѓе.

3.  Се насочуваат кон доброто

Сведоци сме на фактот дека многу луѓе околу нас премногу се концентрираат на негативните резултати, и со тоа, не оставаат простор за самите позитивно да влијаат врз својот успех. Сосема е природно човекот да сака да ги поправи непосакуваните околности и да размислува како да го изведе тоа, но, мора да постои цврста рамнотежа при распределувањето на нашата енергија за оваа цел.

Важно е, и тоа како, да го насочиме мисловниот процес кон она што е добро, истовремено додека се бориме да го исправиме она што е лошо. Развивањето на континуирана свесност за нашиот личен успех на дневна база, значително ќе влијае врз вашата емотивна исполнетост со среќа.

7-naviki-na-sreknite-luge

4.  Го користат она што им е дадено на располагање

Просечниот човек е секогаш воодушевен кога ќе види физички хендикепиран човек кој покажува интензивни знаци на емоционална среќа. Како може некој, кој се наоѓа во толку ограничена ситуација, да биде толку среќен? Одговорот се крие во начинот на кој што овие луѓе ги користат условите кои им стојат на располагање. Стиви Вондер не може да гледа, но успеал сетило за слух да го претвори во страст за музика, што го потврдуваат и неговите 25 греми награди кои ни се смешкаат од неговата витрина.

5.  Од секоја потенцијална ситуација создаваат среќен крај

Мораме да признаеме дека моќта на крајот е навистина забележлива. Завршувањето на секое едно искуство има силно влијание врз тоа како личноста која го доживеала ќе го сфати тоа искуство во целина. Еве, земете го како пример читањето на некоја слабо напишана, но провокативна книга. И замислете дека крајот е тапа.

Дури и доколку приказната била занимлива се` до крајот, дали навистина би ја препорачале на вашите пријатели? Луѓето секогаш го паметат крајот. Доколку крајот е среќен, искуството се претвара во среќа. Секогаш поврзувајте ги недовршените краеви,  свртете ја работата на позитивно, и создавајте среќни краеви во вашите животи секојпат кога е тоа возможно.

6.  Ја користат својата лична моќ за завршувањето на работите

Секој од нас поседува различна лична моќ. Различни таленти и способности. Среќата природно си доаѓа кај оние кои ги користат овие свои предности за да си ја завршат работата.  Добро завршената работа секогаш создава чувство на успех. Доколку овој успех се должи исклучиво на вашата лична способност да ја завршите работата, психолошката награда е бесценета.

7.  Знаат да ја почувствуваат среќата на едноставните задоволства

Добро запамтете: најдобрите работи во животот се бесплати. Доаѓаат во форма на едноставни задоволства и постојано се моткаат околу вас на било кое место и во било кое време. Раководени се од Мајка Природа и конкретните околности, а ќе ги искусите  само доколку размислувате доволно свесно.

Доволно е да го забележите прекрасното зајдисонце кое отсјајува од водата, додека вие се држите за рака со вашите сакани. Забележувањето на овие моменти, и вашето вклучување во нив постојано ќе ве исполнуваат со непредвидливи изливи на среќа во вашиот живот.

Би можело да ве интересира:

Грешки што сите ги правиме во супермаркет (и непотребно трошиме повеќе пари) Секој ден одите во продавница, наместо да испазарите за цела недела однапред и к...
Исчезнала, па ја нашле мртва во подрумот – Кој ја убил Џо Бенет Ремзи, 6-годишна ѕвезда на натпревар... Во 1996-та, 6-годишната Џо Бенет Ремзи отишла да спие. Но, во 5 наутро девојчето...
Зошто ни се чини дека јануари трае вечно, според психолози? Денот е екстремно краток, паричникот празен, а по празниците мораме да се вратим...
7 работи кои родителите треба да му ги кажуваат на своето дете (за тоа да израсне во самоуверена лич... Кажете му: „Верувам во тебе“ или „Знам дека можеш“. Чувството што секое дет...
Навики на луѓето кои мудро ги трошат парите (и затоа се богати), низ илустрации Од мали нозе научиле дека нема потреба да трошат пари на храна што само ќе стои ...
Кристален череп - убава и неодгатлива загатка која сè уште ги плени луѓето Откритието на Троја, кон крајот на 19-от и почетокот на 20-от век, ги поттикна и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg