Инспиративна приказна на манекенката која ја изгубила ногата поради употреба на тампони

28-годишниот модел Лорен Васер го изгубила долниот дел од десната нога во 2012-та година откако доживеала Синдром на токсичен шок од употреба на тампони, но тоа не ја натерало да се откаже од својата кариера.

inspirativna-prikazna-na-manekenkata-koja-ja-izgubila-nogata-poradi-upotreba-na-tamponi-01.jpg

Сè започнало дента кога од најблиската продавница купила кутија тампони. Се сеќава дека тампоните ги сменила трипати во текот на денот, а на крајот на денот се чувствувала лошо, како да настинува.

Започнале болките, а нејзината загрижена мајка која не можела да ја добие се јавила во полиција за да проверат што се случува. Ја пронашле на подот од нејзиниот тоалет со 41,6 температура и ја однеле во болница.

Тука и откриле дека била на работ од смртта. Органите започнале да откажуваат и добила срцев удар.

Докторите откриле дека станува збор за ретка бактериска инфекција која се пренела преку состојбата попозната како Синдром на токсичен шок која е поврзана со употребата на тампони со брза апсорпција.

Лорен вели дека не се сеќава дека била во кома, ниту пак дека се разбудила со 36 литри течности кои минуваат низ нејзиниот крвоток, а излегуваат црни токсини.

Преживеала, но по инфекцијата добила гангрена по која нејзината десна нога морала да биде ампутирана.

inspirativna-prikazna-na-manekenkata-koja-ja-izgubila-nogata-poradi-upotreba-na-tamponi-1.jpg

Минатата година таа била дел од кампања на Nordstrom која ја нарекла „нејзината прва вистинска задача која ја вратила во играта“, а овојпат таа повторно зачекорила на модната писта за дизајнерската куќа Chromat за време на Модната недела во Њујорк.

inspirativna-prikazna-na-manekenkata-koja-ja-izgubila-nogata-poradi-upotreba-na-tamponi-2.jpg

Овогодинешната ревија на Chromat покрај овој модел била уникатна и во останатиот избор на модели:

inspirativna-prikazna-na-manekenkata-koja-ja-izgubila-nogata-poradi-upotreba-na-tamponi-3.jpg

inspirativna-prikazna-na-manekenkata-koja-ja-izgubila-nogata-poradi-upotreba-na-tamponi-4.jpg

inspirativna-prikazna-na-manekenkata-koja-ja-izgubila-nogata-poradi-upotreba-na-tamponi-5.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку пари навистина имал Пабло Ескобар (и како ги трошел)? „Знам дека Пабло заработуваше толку многу кеш, што секоја година, губеше околу 1...
6 уникатни имиња за девојчиња, инспирирани од боите Безвременски, уникатни и инспирирани од боите со кои е опкружен светот околу нас...
Убил над 20 луѓе, додека бил информант под заштита: Детали за случајот кој е „најголем срам“ за ФБИ Скот Кимбал успеал да изманипулира неколку ФБИ агенти и да стане нивен доверлив ...
Ретки фотографии од Титаник и патниците кои (не) преживеале Менито за патниците од прва класа, теретаната на бродот, но и фотографии од спас...
Заборавената хероина од Титаник: Се вратила на бродот за да спасува луѓе, собирала пари за сиромашни... Кога богаташката Маргарет Браун сфатила дека во чамецот за спасување има уште ме...
11 фотографии полни со љубов, кои ќе ве разнежат Сопруг кој спие во воз, блискоста на луѓето и нивните мисленици - некои фотограф...

Најчитани неделава