Прекрасно езеро секоја година открива страшна тајна

Езерото Roopkund се наоѓа во Индија на 5.029 метри надморска височина, поради што е откриено пред околу 70 години. Се работи за глацијално езеро кое е главно замрзнато, поради својата местоположба. 

Ova-prekrasno-ezero-sekoja-godina-otkriva-strasna-tajna

Но, кога ќе се стопи ја открива својата страшна историја и она што се случи на ова место пред повеќе од илјада години. Имено, кога мразот на езерото ќе се стопи, а водата ќе се повлече, овде можат да се најдат човечки скелети. Локалните жители езерото го нарекуваат Езеро на скелетот или мистериозното езеро.

Потеклото на скелетите не се откриено, но постојат многу теории. Пред само 10 години еден тим на научници бил во можност да утврди што всушност се случило на езерото.

Долго време се веруваше дека остатоците на скелетите им припаѓаат на кашмирскиот генерал Зоравор Син и неговите луѓе кои исчезнале на Хималаите во 1841-та година, додека се враќале од битка во Тибет.

Со оглед на тоа што е докажано дека коските се многу постари се појавиле нови шпекулации. Една од нив е дека се работи за остатоци од индиската армија на генералот Мухамед Туглак, која во 14-от век била поразена од кинескиот народ во борба за границата на Хималаите.

Кога се утврдило дека коските биле постари и од тоа, многу антрополози се свртеле кон теоријата дека луѓето чии коски се пронајдени во езерото биле жртви на непозната епидемија или дека биле жртви на ритуалното самоубиство.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ладнокрвно убил дете бидејќи бил жртва на булинг: Морничавата приказна за 13-годишниот „убиец со пег... Во 1993-та, 13-годишниот Ерик Смит од САД ладнокрвно убил 4-годишно дете бидејќи...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Направила сообраќајка, викнала полиција, па исчезнала: Детали за еден од најпопуларните случаи на Ју... Пред нешто повеќе од две децении, Мора Муреј, која инаку била амбициозна студент...
„Живеам на инстаграмџиска улица – полуголи инфлуенсерки позираат во двор и ми ги берат цвеќињата, пе... Живеам на улица со убави куќи, расцветани магнолии и цреши. „Извинете, во кадар ...
Искрени илустрации во кои ќе се пронајдат сите над 30 години Ако во тинејџерските години и 20-тите едвај чекавме да излеземе во гласна дискот...
„Живеам во најстудениот град во светот – училиштата работат и на -50˚C, храната е 3 пати поскапа“ Јакутск важи за најстудениот поголем град во светот и овде просечната температур...

Најчитани неделава