Според неврологијата: 4 ритуали кои ќе ве направат посреќни

На интернет можете да се сретнете со секакви совети кои ви кажуваат што треба да направите и како да се однесувате за да бидете среќни, но дали истите се вистина или не подлежат на ниту еден научен доказ?

spored-nevrologijata-koi-4-raboti-kje-ve-napravat-posrekjni-01.jpg

Истражувачот  Алекс Корб од UCLA кој се занимава со неврологија има малку поинакви предлози за тоа што треба да направите за да се чувствувате посреќни.

1. Најважното прашање кое треба да си го поставите кога не сте расположени

Понекогаш можеби чувствувате како вашиот мозок да не ви дозволува да бидете среќни. Можеби се чувствувате виновни за нешто или се срамите од нешто. Зошто?

Одговорете на ова прашање и можете да си помогнете, затоа што вината и срамот ги активираат оние делови од мозокот кои прават да се чувствувате несреќни.

Дури и грижата ги активира истите центри. Грижата прави за краток момент да се чувствувате подобро - како да правите нешто за да ги решите вашите проблеми.

Но, долгорочно гледано, сите овие емоции не се добро решение, па на крајот не завршувате среќни.

Кое прашање треба да си го поставите според невролозите?

За што сум благодарен/а?

Благодарноста влијае дури и на биолошко ниво, како и многу лекови за смирување, така и благодарноста го зголемува нивото на допамин во вашиот мозок, а тоа прави да се чувствувате посреќни.

Понекогаш ви се чини како да немате за што да бидете благодарни, но не е важно, само потрагата по нешто на кое ќе бидете благодарни, ќе ви ја подобри емоционалната состојба.


2. Дајте им „име“ на негативните емоции

Се чувствувате ужасно? Откријте за која емоција станува збор, дефинирајте ја. Тажно? Нервозно? Гневно? Дајте им „име“ на сите овие емоции. Едноставно е.

Старите методи биле далеку пред нашите стандарди. Медитацијата подразбирала да ги откриете емоциите кои се кријат во вас и да бидете свесни за нив уште многу одамна.

Проблемот е кога ги потиснувате емоциите.


3. Донесете одлуки

Нешто постојано ве мачи, ви е во мисли? Направете одлука и веднаш ќе се чувствувате подобро. Одлуките ги намалуваат грижите и анксиозноста.

Но, каква одлука да донесете? Не мора тоа да биде некаква конечна одлука, туку нешто што само ќе ве поттикне да дејствувате и ќе ви го смири умот.

Кога ќе донесете некаква одлука и кога ќе ја постигнете целта која сте си ја поставиле се чувствувате далеку посреќни отколку кога добрите работи само се случуваат без причина.


4. Допирајте ги луѓето

Невролозите направиле бројни истражувања на ова поли и откриваат дека ако немате размена на допири со околината, дури и да е едноставно поздравување со некого, во мозокот се активираат истите центри како оние кои ви кажуваат дека нешто ве боли.

Врските со луѓето околу вас се доста важни за вашиот мозок.

Гушнете ја вашата мајка, тоа е доволно за денес да се чувствувате далеку подобро отколку вчера.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ја избодела мајка ѝ 79 пати, имала шизофренија: Морничавиот случај на Изабела Гузман Во 2013-та, тогаш 18-годишната Изабела Гузман од САД ја избодела мајка си 79 пат...
Татковци најмуваат проститутки за нивните синови, дрога на секој чекор – Мрачната страна на туризмот... Покрај зеленилото, плажите, културата и вкусната храна, Тајланд има и друга стра...
13 драстични трансформации кои ќе ве воодушеват (фото) Драматичните трансформации не се случуваат само во филмовите или во реалните шоу...
Импресивни и уникатни работи што може да ги видите во земјите ширум светот (фото) Смешна реконструкција на скелет на изумрено животно, граница меѓу две држави кој...
По клиничка смрт и кома, освоил автомобил, па 250.000 € од грепка: Лудата одисеја на Бил Морган Во 1990-тите, Бил Морган речиси го загубил животот и поминал неколку денови во к...
Самоубиства, предозирања, киднапирање: Проклетството на династијата Гинис (кое трае до денес) Династијата Гинис, која стои зад една од најпознатите дестилерии во светот, има ...

Најчитани неделава