Инспиративна жена која покажува дека луѓето се многу посилни од што можат да замислат

Животот на Паола Антонини, бразилски модел, се сменил засекогаш пред две години, неколку дена пред Божиќ, била удрена од автомобил по што ногата ѝ била ампутирана...

inspirativna-zena-koja-pokazuva-deka-lugjeto-se-mnogu-posilni-od-sto-mozat-da-zamislat-001.jpg

Наместо да западне во депресија заради таквата несреќа таа му покажува на светот дека луѓето во себе имаат огромна сила да ги надминат дури и најтешките моменти и да живеат среќен и исполнет живот без никакви ограничувања.

Паола постојано објавува фотки на својот Инстаграм профил на кои може да се види дека навистина ужива во сето она кое ѝ го нуди животот.

Паола воопшто не престанала со активностите кои ги правела пред несреќата, па така таа вежба, танцува, вози скирол и јава коњи. Исто така сака и многу да патува.

И покрај сите препреки оваа девојка продолжува да се занимава со манекенство, појавувајќи се редовно во телевизиски емисии и соработувајќи со многу брендови за убавина.

Поттикната од својата животна приказна, им помага и на голем број луѓе со инвалидитети да ја надминат депресијата и да водат нормален живот.

Таа е извонреден пример за тоа колку е важно да се верува во сопствената сила без разлика на сè:

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
Бизарни методи за утврдување бременост што се користеле во минатото Од проверување на бојата на женските гениталии, до уринирање врз јачмен и пченка...
9 ситуации кога треба да се справите со (непријатни) продавачи, низ илустрации Дали продавачи пробале да ве убедуваат дека нешто ви стои одлично само за да го ...
Луѓе ги споделуваат најглупавите (и најсмешните) причини зошто завршиле во болница „Си го скршив малиот прст бидејќи му покажував на брат ми како си го скршив друг...
Бонтон правила кои ќе ве спасат од непријатни ситуации (да не оставите впечаток на вулгарна и некулт... Не одете во ресторани покрај плажа само по костим за капење, оставајте го јавнио...
„Пријателката ми исчезна од животот преку ноќ - ме боли повеќе од развод“ „Ги гледавме нашите деца како растат и се поддржувавме кога нашите бракови заврш...

Најчитани неделава