Пливал со крокодил долг 335цм

На брегот на Куба еден нуркач прикажува челични нерви пливајќи веднаш до 3,40 метри долг крокодил. Ризикувајќи го својот живот за потенцијалното...

 

... смртоносно искуство, нуркачот Израел Гонзалес кој има 31 година,  2 часа беше толериран од најсмртоносната машина на природата.

Пливајќи во област позната како The Queen's Gardens (Градините на Кралицата), женскиот крокодил се враќал во неговото гнездо во еден од педесете мали острови кои го сочинуваат овој крајбрежен рај.

Околу 60 милји од јужниот брег на Куба, Гонзалес и подводниот фотограф Дејвид Дубиле се движеа во чекор со огромниот крокодил за сето време на нивната средба.

plival-so-krokodil-dolg-335-cm

"Овој крокодил покажа многу безопасно однесување за суштество што го бие вака лош глас" вели Дубиле
"За фотографија од дивиот свет ова беше екстремно возбудлива можност не само заради реткоста на овој вид на крокодил, туку и заради држењето чекор со самото животно".

Патувањето на ова место со нуркачки тим, кој исто така вклучува локални кубански рибари, пловеше со рибарски брод по островскиот синџир обидувајќи се да го избегнат американскиот крокодил.

"Повеќето луѓе незнаат дека живеат крокодили на Американскиот континент. Претпостауваат само дека нив ги има само во Египет, Африка или Австралија. Има околу 1500 американски крокодили кои живеат на Флорида и истиот број го има и во Централна и Јужна Америка и се класифицирани како загрозени видови".

plival-so-krokodil-dolg-335-cm2

Движејќи се покрај  крокодилот, Дубиле и Гонзалес беа свесни дека ситуацијата во секој момент може да земе пресврт и да стане опасна по живот.

"За жал немавме заштитна опрема на нас. Немавме ни стапови или харпуни, буквално ништо што би ни помогнало и би ни го спасило животот. Но и покрај тоа не бевме загрижени, само бевме внимателни да ги знаеме нашите граници и да не го вознемируваме суштеството. Бевме таму само да ја набљудуваме ова ретка појава"  изјави Дејвид.

Би можело да ве интересира:

Легендарен момент: Ал Пачино и Роберт де Ниро, пријатели и филмски икони, се појавија во емотивна мо... Најубавата реклама, видео и фотки што ќе ги видите денес - Ал Пачино (85) и Робе...
Трагичниот живот на некогашниот најтежок човек на светот – Имал 400kg, 7 години не излегол од дома п... Рики Напути, кој важеше за најтешкиот човек на светот, цели три години пробувал ...
6 безбедносни совети кои можат да ви го спасат животот Што да правите ако сте во автомобил на раб на бездна или, пак, ако паднете во бр...
Лудата приказна за парот кој чувал огромна мечка: Ѝ правеле шпагети, ѝ славеле родендени Почнувајќи од 1970-тите, пар од Шкотска цели 25 години чувал мечка. И покрај тоа...
Од инструкторка по скијање, до разгалена богаташка: Колку се промени животот на Ивана Трамп по брако... Иако пробувала да се однесува приземјено, Ивана несомнено ги сакала парите и рас...
Модерни бонтон правила: 9 работи што не треба да ги кажете преку порака Ако озборувате некого преку порака, без разлика дали на Фејсбук, Инстаграм или д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg