Среќни сте ако имате една личност покрај себе...

Добро знаеме дека постојат негативци кои успеваат да ни ја исцрпат целата енергија, но постојат и сосема спротивни луѓе, оние пред кои никој не останува рамнодушен.

srekjni-ste-ako-imate-edna-licnost-pokraj-sebe-01.jpg

Постојат луѓе кои како да се создадени од некаков елемент на смеа и игра, како да се дојдени од некој подобар свет и постојат како добри „гости“ во нашиот.

Луѓе кои шират радост. Едноставно, спонтано. Каде и да се појават - се појавува и сонцето.

Кога ќе си заминат во нашата душа сè уште одекнува нивната насмевка и нивната радост бара свој дом во нашето срце.

Такви се што покрај нив никој не останува рамнодушен.

Како возрасни се сериозни, но истовремено знаат и да се однесуваат како деца. Во својата радост пронаоѓаат сила. Како за себе, така и за другите.

Проблемите и грижите не оставаат трага на нивното лице. Ведрината е нивното животно мото.

Неретко посакуваме да бидеме како нив. Или барем да им бидеме добри пријатели. За што е можно почесто да можеме да се напојуваме од изворите на нивната безгрижност.

А, тие се секогаш воодушевени...

Со секого, од секого, од звуците, боите, ветрот, брановите, топлите есенски бои, пастелните пролетни бои, добрата книга, новата средба...

Или воодушевувањето ја раѓа радоста или нивната внатрешна ведрина воодушевува.

Како да се натпреваруваат радоста и воодушевувањето - кој побрзо ќе дојде до збор.

А, ние можеме само да бидеме благодарни што имаме таква личност во животот.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Строгите правила што мора да ги следат членовите на кралското семејство кои сакаат да се разведат Ако разводот се смета за нешто лошо и срамно, за британското кралско семејство е...
Дишење опасни гасови, хероин: Бизарни лекови за настинка и грип од минатото Во минатото, луѓето верувале дека со испуштање крв, телото се чисти од токсини, ...
„Мајка ми беше осамена вдовица и бараше љубов на интернет – стана жртва на измамници и изгуби милион... „Џенет беше скржава, си ги броеше и ситните пари, па не разбирам како воопшто ја...
10 причини зошто стоите во „мртва точка“ (и не можете да си го промените животот) Сакате веднаш да видите резултати, немате стратегија и тврдоглави сте. Сакате...
Coca Cola ја донесе божиќната магија – рекламата повторно со AI, делува како бајка од Disney филмови... Панди, фоки и други животни се главни ликови во новата божиќна реклама на Coca C...

Најчитани неделава