Барби стана информатичарка

Најпознатата детска играчка во светот - Барби, сега има нова работа. Имено плавата, гламурозна девојка од сега е и компјутерски инженер. Со...

 

... промената на новите интереси на Барби, дојде и до промена во нејзиниот имиџ, така што Барби сега носи очила со розеви рамки, и нормално поседува се она што денешните модерни девојки го имаат: лап топ, модерна торба за истиот, паметен телефон (smartphone), блутут слушалки и останата опрема.

barbi-stana-informaticarka-1

За оние кои мислат дека оваа промена на најгламурозната кукла во светот може да и наштети на нејзиниот стил, имаме добра вест. Барби носи тренди маичка на која се исцртани бинарни кодови и тастатура, во комбинација со црни хеланки, а нормално тука е и нејзиното ултра шик сако, кое дава впечаток на бизнис девојка.

Целта на информатичарката Барби е да им потенцира и докаже на младите девојки дека и жените може да дизајнираат производи кои имаат влијание врз секојдневниот живот.

За сега, Барби може да се набави само преку Mattel, а продажбата насекаде низ светот се очекува кон крајот на 2010 година.

Би можело да ве интересира:

Знаци дека мора да направите рамнотежа меѓу приватниот живот и работата Не можете да го исклучите телефонот без чувство на вина и горди сте што сте прем...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
„Бев во брак со мафијаш – живеев во раскош, но тој си доаѓаше дома со крв на чевлите и тела во багаж... „Парите, начинот на живот, накитот … сето тоа изгледа многу гламурозно. Но, не е...
Грешки во 30-тите години од животот за кои најмногу ќе се каете „Мислам дека најголема грешка е што луѓето не почнуваат да мислат за нивната фин...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...
„Вечерва Нова година ќе славам во пижами и (можеби) ќе заспијам пред полноќ“ „Нема да го пропуштам дочекот на Новата година, туку намерно ќе останам дома. За...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg