Во Италија има фонтана од која тече бесплатно вино

Абруцо е местото кое доколку го посетите ќе можете да уживате 24/7 во бесплатната фонтана од која тече црвено вино.

vo-italija-ima-fontana-od-koja-tece-vino-001.jpg

Оваа посебна фонтана е во сопственост на винаријата „Дора Саркезе“, сместена на патот кој ги поврзува Рим и Ортона.

Фаусто Ди Нела, консултант за вино во винаријата „Дора Саркезе“, објаснува дека проектот првично започнал како партнерство меѓу винаријата и организацијата задолжена за одржување на патот меѓу Рим и Ортона.

Виното кое започнува да тече штом притиснете едно копче е производ добиен од локалните лозови насади од областа Монтепулчано.

vo-italija-ima-fontana-od-koja-tece-vino-002.jpg

Големото буре во кое стои виното постојано се надополнува, а надлежните лица тврдат дека тоа е место каде може да сретнете голем број на вљубеници во вино кои уживаат во дегустацијата, но речиси никој од нив не го злоупотребува фактот дека фонтаната е бесплатна.

vo-italija-ima-fontana-od-koja-tece-vino-003.jpg

Првично замислена како подарок за Сан Томазо (Св. Тома) таа е место за починка на големиот број туристи и аџии кои се упатуваат кон катедралата во која се чуваат неговите мошти.

vo-italija-ima-fontana-od-koja-tece-vino-004.jpg

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Другарка ме третира како бесплатна дадилка – ми ги остава децата без најава, очекува да им готвам“ „Јас работам од дома и немам деца. Но, не сум во финансиска состојба која ми ово...
Убивал само криминалци, верувал дека е „спасител“: Кој е серискиот убиец што бил инспирација за сери... Бразилецот Педро Родригез убил над 70 луѓе, од кои дел додека бил во затвор, но ...
Станал опседнат со крими-серијата Dexter, па почнал да убива: Мрачната приказна за „убиецот Декстер“ Марк Твичер сонувал за кариера во филмската индустрија. Но, истовремено бил опсе...
Најчудно послужени оброци низ светот – ќе ве остават во прашалници наместо да ве примамат (фото) Би пробале ли помфрит послужен во лопата? Или специјалитет сервиран во сад за хр...
Знаци дека мора да направите рамнотежа меѓу приватниот живот и работата Не можете да го исклучите телефонот без чувство на вина и горди сте што сте прем...
6 големи разлики меѓу животот во стан и куќа, низ забавни илустрации Чистењето на станот многу зависи од „куќниот ред“ во зградата и времето за одмор...

Најчитани неделава