3 фрази преку кои брзо ќе се справите со критиките

Идеалниот човек не постои. Но, за жал, луѓето имаат постојана желба и потреба да ги критикуваат другите.

3-frazi-preku-koi-brzo-ke-se-spravite-so-kritikite-1.jpg

Од некои критики можете да извлечете лекција, додека други се тука само да ве потсетат на тоа дека не сте успеале.

3 фрази со кои најбрзо ќе се справите со критиките и ќе го извлечете максимумот од нив, без да ве навредат или онерасположат:

„Кажете да!“

Кога некој ќе ве „почести“ со критика, обидете се да го разберете неговото гледиште.  Наместо да навлегувате во дијалог и расправии, само кажете „да, ти благодарам!“ Кога очекуваат да се навредите, само оставете ги позитивно збунети со тоа што ќе се согласите.

„Но...“

Критичарите не секогаш се трудат да ја разберат и анализираат ситуацијата. Затоа, важно е да го подигнете гласот за она што го мислите и правите. Тоа треба да биде објективно објаснување со факти, а не оправдување на вашата постапка. Помогнете му да ја увиди реалната ситуација доколку сметате дека нешто гледа од погрешен агол.

Кога ќе го искористите тоа магично „но...“ кажувате дека го вреднувате неговото мислење, но, имате само нешто да додадете.

3-frazi-preku-koi-brzo-ke-se-spravite-so-kritikite-2.gif

„Ајде да...“

Кога ќе добиете критика и ќе ја утврдите ситуацијата, важно е да знаете што понатаму. Покажете дека не сте човек кој крева бариери кон оние кои мислат различно.

Имате право да погрешите

Колку што лицето е позрело како индивидуа, толку полесно ќе ги прифати туѓите мислења. Треба да сфатите дека ви е сосема дозволено да правите грешки, сè додека препознавате дека се грешки. Тоа значи дека сте подготвени за нови, поголеми предизвици и не стоите во место.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
6 безбедносни совети кои можат да ви го спасат животот Што да правите ако сте во автомобил на раб на бездна или, пак, ако паднете во бр...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...
14 катастрофални онлајн нарачки, што ќе почнете да се смеете од мака „Порачав патики и кога стигнаа, сфатив дека двете се леви“ - сте добиле ли и вие...

Најчитани неделава