Го исклучувате алармот и продолжувате да спиете? Знак дека имате висока интелигенција

Почнува да ѕвони алармот, ја пуштате раката, го исклучувате и се вртите на другата страна да отспиете уште 5 минути...

Go-isklucuvate-alarmot-i-prodolzuvate-da-spiete-ova-e-znak-deka-imate-visoka-inteligencija-01

За многумина ова е многу познато сценарио, кое им се случува секое утро и после што, секако, следи доцнење на работа, на училиште, на состанок...

Сепак, едно ново истражување покажало дека луѓето кои продолжуваат да спијат и по исклучувањето на алармот всушност имаат повисоко ниво на интелигенција и креативност.

Истражувањето, спроведено од страна на Сатоши Каназава и Каја Перина, покажало дека нашиот организам сè уште се обидува да го следи ритамот на спиење на нашите предци кои легнувале и станувале многу порано.

Денешниот начин на живот, генерално, наметнува многу поинаков распоред на спиење, па будењето во определено време, благодарение на алармот, му наложува на нашето тело активност за која телото во тој момент не е подготвено.

Според објаснувањето на истражувачите, следењето на природниот ритам на сонот би можело да ни помогне во развивањето на нашите потенцијали, па токму затоа се верува дека креативните и интелигентни луѓе имаат поголем проблем да се разбудат со ѕвонењето на алармот.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
10 комични ситуации во кои може да се најдете кога пробувате да следите совети од интернет Во време кога сите имаме интернет, но и во време кога сите „делат совети“ кои „д...
Одговори на прашања што сигурно сте си ги поставиле барем еднаш Зошто славиме роденден со торта, но и зошто исечениците од хартија болат толку м...
„Се преселивме во Виетнам на 10 минути од плажа – за сметки и кирија плаќаме 325 € месечно, за храна... „Живееме во Да Нанг и плаќаме 325 евра за кирија и сметки. Во оваа сума се вклуч...
Бонтон правила што мора да ги следите на социјалните мрежи Не пишувајте навредливи коментари кои не би ги кажале во живо и подобро воздржет...
Работат за 100 евра плата, умираат поради нехумани услови: Мрачната страна зад гламурот на Дубаи (шт... Работниците во Дубаи кои работат на градилиштата, но и по хотели, спа центри и с...

Најчитани неделава