Фотки на кои местото не им е на социјалните мрежи

Речиси и да не постои некој меѓу нас која нема профил на барем една социјална мрежа.

Sliki-na-koi-mestoto-ne-im-e-na-socijalnite-mrezi-00

Социјалните мрежи се одличен начин на одржување комуникација со луѓе кои се далеку од нас и не можеме толку често да се гледаме.

Сепак желбата за објавување што повеќе за сопствениот живот понекогаш нè тера да правиме непромислени постапки.

Така, ова се сликите кои во никој случај не треба да се најдат на вашиот профил на која било социјална мрежа, бидејќи во спротивно ризикувате да бидете предмет на измама или кражба.

1. Пасоши и резервирани билети бидејќи истите содржат огромен број ваши лични податоци кои лесно може да се искористат против вас.

Sliki-na-koi-mestoto-ne-im-e-na-socijalnite-mrezi-01


2. Игри на среќа,
бидејќи било која друга личност може лесно да го искористи баркодот и да ја подигне наградата во ваше име.

Sliki-na-koi-mestoto-ne-im-e-na-socijalnite-mrezi-02


3. Кредитни картички,
бидејќи се лесен начин за вршење банкарски трансфери. Исто така во никој случај не чувајте слики или пин-кодови во вашиот телефон од картичките бидејќи во случај на негово губење можете да изгубите и големи суми пари.

Sliki-na-koi-mestoto-ne-im-e-na-socijalnite-mrezi-03


4. Билети за настани,
повторно бидејќи бар-кодот може да биде искористен од некој друг, а вие да не можете да влезете на омилениот концерт.

Sliki-na-koi-mestoto-ne-im-e-na-socijalnite-mrezi-04


5. Слики на кои се видливи вашите пасворди
, дури и во форма на знаци, бидејќи на тој начин лесно се дознава вкупниот број на карактери со кои треба да си „поигра“ некој.

Sliki-na-koi-mestoto-ne-im-e-na-socijalnite-mrezi-05


6. Било какви лични документи,
бидејќи со податоци како име, презиме и матичен број може да се направат многу работи, како на пример поднесување барање за заем, отворање фирма...

Sliki-na-koi-mestoto-ne-im-e-na-socijalnite-mrezi-06

7. Разголени фотографии. Ова особено се однесува на девојките, бидејќи пред да пратите ваква фотка некому, размислете за што сè би можела да биде искористена.

Sliki-na-koi-mestoto-ne-im-e-na-socijalnite-mrezi-07


8. Фотографи и описи кои зборуваат за ваши значајни луѓе, миленици, настани, места
...
бидејќи често тоа се поимите кои сте ги искористиле за тајните прашања за вашите пасворди.

Sliki-na-koi-mestoto-ne-im-e-na-socijalnite-mrezi-08

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Дедо ми е педофил кој ми го украде детството - сите му се восхитуваа, само јас знаев дека е чудовиш... „Кога првпат почна да ме допира, не ми беше јасно што се случува. Се прашував да...
„До 26 години се разведов 3 пати – повторно ќе се мажам, но никој не верува дека ќе издржам долго“ „Првпат се венчав на 19 години и навистина не знаев што значи бракот. Сите ми ка...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Жена со месеци ѝ праќала вулгарни пораки на ќерка си од скриен број: Приказната зад хит документарец... Повеќе од една година, тинејџерка и нејзиниот дечко добивале вознемирувачки, вул...
Безбедносни совети за жени од поранешен ФБИ агент - Има трик и со копчето од лифотот „Кога се чекирате во хотел, штитете го вашиот личен простор како на банкомат. Ре...

Најчитани неделава