Кој не би посакал да има ваква другарка?

Кога вашата другарка доаѓа маскирана да види дали е сè во ред со вашиот љубовен состанок, тогаш знаете дека имате вистинска најдобра другарка.

koj-nema-da-saka-vakva-drugarka-01.jpg

Вашата другарка можеби ве теши ако сте имале лош ден или кога тагувате по вашиот поранешен дечко, но дали би отишла до таа граница, да се појави маскирана и од прв ред да набљудува дали сè оди како што треба со вашиот љубовен состанок?

Тоа е буквално она што едно девојче направило за својата најдобра другарка. Таа отишла во ресторанот, каде нејзината другарка била на состанок и ѝ пишала порака: „Зошто не си ја јадеш храната?”.

Всушност девојката која била на состанок, не знаела дека таа е таму и не и било јасно што се случува, сè додека нејзината другарка не ѝ пишала „Сврти се и види позади тебе”.

koj-nema-da-saka-vakva-drugarka-2

koj-nema-da-saka-vakva-drugarka-1_copy.jpg

Откако разговорот и фотографијата биле објавени на Твитер, тие многу брзо станале интернет сензација и следеле многу коментари во стилот „кој не би сакал ваква другарка”.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Се венчале по 6 месеци врска, во брак се 60 години, таа денес оди со него на ревии – Љубовта на Ралф... Најубавата љубовна приказна во модниот свет е на Ралф Лорен и сопругата - таа му...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...

Најчитани неделава