Зошто калкулаторот и телефонот имаат различен распоред на броевите?

Користејќи го калкулаторот на вашиот паметен телефон веројатно сте забележале дека распоредот на бројките не е ист со оној на телефонот. Зошто е тоа така? Зошто калкулаторот и телефонот имаат различен распоред на броевите кога ги користат истите цифри?

Zosto-kalkulatorot-i-telefonot-imaat-razlicen-raspored-na-broevite-01.jpg

За да го најдеме одговорот на ова прашање треба да се навратиме на историјата на развојот на телефонот.

Целиот распоред на бројките кај денешните телефони потекнува од првите телефони. Тие имале ротирачки механизам на бирање и всушност немале нула.

Секој „завртен“ број означувал број на пулсирања во бирањето. Нулата била после бројот 9 и означувала десет пулса во бирањето. Така со тек на времето, како што се напушта тонското бирање и се префрламе на дигитални телефонски централи, распоредот на броевите останува поради навиката на корисниците, а нулата останува после бројот 9.

Zosto-kalkulatorot-i-telefonot-imaat-razlicen-raspored-na-broevite-02.jpg

Исто така за полесно бирање под броевите биле додадени и букви, па веќе целиот систем бил премногу сложен да се менува.

Но што е со калкулаторот? Зошто тој не се прилагодил на истиот распоред?

Причината е едноставна. Распоредот на калкулаторот првпат се појавува на старите каси, а тие се појавуваат пред телефоните да се префрлат на дигитално бирање, односно сè уште биле ротирачки телефони.

zosto-kalkulatorot-i-telefonot-imaat-razlicen-raspored-na-broevite-2-3.jpg

Начинот на сметање налагал нулата да се наоѓа пред бројот 1, а бидејќи таа најчесто се притискала при работа, па логично било и нeјзиното место да биде најдолу во распоредот.

Така, местото на нулата и нејзиното различно значење довеле до тоа да имаме различни распореди на тастатурите за телефоните и калкулаторите.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Грешки со кои им ја олеснувате работата на крадците кога сте на патување Не го прицврстување телефонот со ремче или нешто слично додека фотографирате нао...
14 креативни (и по малку бизарни) производи, што ќе сакате да ги купите веднаш Од сапун со мирис на сланина, преку плишан мајмун - држач за влажни шамивчиња, д...
Жена со месеци ѝ праќала вулгарни пораки на ќерка си од скриен број: Приказната зад хит документарец... Повеќе од една година, тинејџерка и нејзиниот дечко добивале вознемирувачки, вул...
„Празници им се и на оние во болница, а и на оние кои примаат сочувство - Имајте разбирање за нив“ Среде еуфоријата во празничниот период забораваме дека најважниот подарок всушно...
Кога ќе ни дојдат гости во Македонија: Им даваме стари влечки (а ги нудиме и нашите), а тема ни е де... „Без разлика дали се најавени или не... Гостите кога пристигнуваат, во последна ...
Цела зима нема достава на намирници, алкохолот беше забранет поради насилство: Животот во најизолира... Неодамна, жителите на гратчето Тасилак на Гренланд го испратија последниот товар...

Најчитани неделава