Кога треба да го извадите вереничкиот прстен?

Вашето момче ве запроси, блескате од среќа, го обожавате вереничкиот прстен и не сакате да го тргнете од вашата рака?

koga-treba-da-go-izvadite-verenichkiot-prsten-iako-ne-sakate-01.jpg

Сосема разбирливо, но доколку сакате уште долго да светка и да привлекува внимание насекаде со својот сјај и облик, важно е да знаете дека не треба секогаш да го носите.

Извадете го прстенот додека ги правите овие 5 работи:

1. Вежбање

Пред да се испотите, добра идеја е да го тргнете вашиот прекрасен прстен од раката. Материјалите кои често се користат за правење на прстените, до одреден степен се меки и нежни. Па, ако го удрите прстенот или ако ви се закачи на некоја справа, многу е веројатно дека ќе ја изгуби својата форма.

2. Пилинг и нега на кожа

Млеката за тело, хидратантните креми и лосионите за пилинг, можеби се одлични за вашата кожа, но не и за вашиот прстен, бидејќи можат да го намалат сјајот на каменот со текот на времето. За да го заштитите, почекајте вашите раце целосно да се исушат, а потоа ставете го вашиот сјаен прстен повторно.

3. Средување

Дали знаете дека козметиката, спрејовите за коса, парфемите и други супстанци и средства низ домот, кои жените ги користат, предизвикуваат таложење на нечистотии, што го намалува природниот сјај на вашиот прстен?

Затоа, кога си доаѓате дома, извадете го прстенот, за да ги завршите сите активности кои ги имате, како на пример, готвење, туширање и бришење шминка, а откако ќе завршите со сѐ, вратете го повторно да свети на вашата рака.

4. Пливање

Никогаш немојте да носите скап накит на вас додека сте во море или базен! Прво, ладната вода ги намалува вашите прсти, па така прстенот може полесно да падне и да исчезне во длабоките води. Од друга страна пак, хлорот може да ги оштети материјалите од кои е направен прстенот.

5. Чистење

Не само што може лесно да го удрите прстенот од тврди површини додека го чистите домот, туку може и да му направите голема штета на каменот и да ја промени бојата, благодарение на хемикалиите кои ги содржат средствата за чистење.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
10 новогодишни суеверија што (наводно) ќе ви донесат среќа во 2026-та Ставете повеќе пари во паричникот за да биде полн кога ќе влезете во новата годи...
Безбедносни совети за жени од поранешен ФБИ агент - Има трик и со копчето од лифотот „Кога се чекирате во хотел, штитете го вашиот личен простор како на банкомат. Ре...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...

Најчитани неделава